Анѓишев-Љајиќ: Надминување на заедничките предизвици во интерес на економската соработка на компаниите

Од:

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, д-р Кочо Анѓушев кој денеска е во официјална посета на Белград, Р.Србија, одржа состанок со потпретседателот и министер за трговија, туризам и телекомуникации, д-р Расим Љајиќ на која е усогласено решение за поединечните отворени прашања во трговската размена помеѓу двете земји.

Вицепремиерите се договорија дека Владите ќе направат напори до 30 јуни оваа година да бидат потпишани и ратификувани Меморандум за соработка во областа на безбедност на храна и ветеринарнство и Меморандум за фитосанитарна соработка, со кои меѓусебно ќе бидат признаени сертификатите на двете земји.

На тој начин, практично ќе престане потребата за двојно земање на примероци и анализа на прехранбените производи, што во голема мера ќе ги намали дополнителните и непотребните трошоци со кои се соочуваат стопанствениците од двете земји.

Анѓушев и Љајиќ се согласија дека до тогаш, двете влади ќе ги превземат сите неопходни мерки се со цел олеснување на трговијата и отстранување на вонцаринските бариери при трговијата на двете земји.


Српските гранични служби се обврзуваат да ги отстранат бариерите во трговијата на ориз, сувомеснати млечни производи од Македонија во Србија, што беше и главното барање на македонските компании кои извезуваат во Србија.

Во исто време од македонска страна е договорено како привремено решение да се работи на враќање на стариот правилник за контролните маркици за брашно, кој важеше до 7 февруари оваа година. Но, во тој случај, при увозот на брашно треба да се овозможат услови за непречен инспекциски увид на увозното брашно од страна на инспекторите на македонската Агенција за храна и ветеринарство на граничниот премин, со што ќе се контролира дали маркиците се соодветно залепени на брашното и дали брашното има соодветна деклариција.

На состанокот е договорено да биде формирана мешовита работна група, во која ќе членуваат претставници од Кабинетите на вицепремиерите и од Стопанските комори, а која секојдневно ќе биде во комуникација за решавање на сите идни отворени прашања во трговијата помегу двете земји.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“

(ВИДЕО) Опозицијата го блокираше судот во Нови Сад: кошкање и туркање со полицијата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Плафон падна врз гости во дискотека во Србија, има повредени