Ангеловска: Проектиран пад од 3,7 проценти, позитивен економски резултат во четвртиот квартал

Од:

Министерството за финансии очекува пад на економијата од околу 3,7 проценти, за разлика од проекциите на ММФ кои предвидуваат пад од четири отсто.

Како што рече денеска министерката за финансии Нина Ангеловска, проекциите секојдневно се обработуваат, се следат и оние на другите земји, особено на земјите со кои имаме тргвоска размена, како Германија, и согласно тоа, можно е да има одредени корекции во предвидувањата.

-Годишните проекции на Министерството за финансии не се се уште јавно објавени, но се во линија на проекциите на ММФ. Нешто помал е падат што ние го проектираме, околу 3,7 проценти, наспроти оној на ММФ од 4 проценти. Најголемиот удар се очекува во вториот квартал, одредена контракција во третиот квартал, значително помала од вториот и стабилизиација и позитивен економски резултат во четвртиот квартал, истакна Ангеловска.

Одговорајќи на новинарски прашања по прес конференција на која ја соопшти втората бескаматна кредитна линија „КОВИД-2“ за микро, малите и средните претпријатија, министерката истакна дека наскоро ќе почне фазата на отворање на економијата.

Таа не прецизира кога точно ќе почнат со работа угостителските објекти, но се повика на неодамнешната изјава на министерот за здравство, според кој олабавувањето се очекува во мај.

-Се работи на изготвување план за реотворање на економијата, чекор по чекор, постепено, зависно за кој сектор се работи. Формиран е тим кој работи со стопанските комори, економските ресори, со Министерството за здравство и епидемиолозите за да се краира план за постепеното отворање и кои би биле секторите кои временски етапно може да очекуваат кога да отворат и да се подготвуваат за одредени протоколи кои ќе мора да ги испочитуваат. На сите ни недостига нормалниот живот и сакаме да се врати поскоро, но здравјето е на прво место и треба многу внимателно да делуваме во оваа ситуација. Министерот за здравство кажа дека очекувањата се за мај, но дали третата недела, втората половина е рано да се каже, зашто зависи од кривата на движење на новите случаи, рече Ангеловска.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски