Даночните приходи во мај бележат помал пад од проектираниот што покажува дека го имаме одбрано најсоодветното портфолио согласно анализите и проценките на ситуацијата со ковид-кризата која предизвика рецисија и во најсовремените економии. Избрано е најоптималното сценарио за финансирање во вакво време, на ризици и обезбедени се доволно средства за евентуален дополнителен шок или евентуална потреба од дополнителни мерки, рече денеска министерката за финансии, Нина Ангеловска.
Таа информира дека заклучно со мај, остварувањето на буџетските приходи изнесува 12,7 милијарди денари што е пад од 24 отсто споредено со истиот период лани, а даночните приходи се 6,5 милијарди денари што е намалување од 28 отсто. Придонесите се ралзиацииран со пет милијарди денари, што е речиси исто на исто ниво како минатата година.
-Ако се има предвид дека падот на даночните приходи во април беше 31 отсто, значи бележиме подобрување. Реализацијата на даночните приходи според нашето сценарио кое предвидуваше налалување од 31 отсто, е 28. Тоа покажува дека проекциите биле соодветни. Имаме натфрлање или подобра резлиација од сценариото за околу 300 милиони денари, напомена Ангеловска.
Според неа, преку трите пакети за поддршка на стопанството досега се обезбедени над 500 милиони евра, но не се сите средства за директна финансиска поддршка. Од Буџетот се одвоени околу 200 милиони евра.
Како што соопшти Ангеловска, наплатата на придонесите има раст од 7,1 отсто во однос на минатата година, што е показател дека годината почна одлично – со раст на вработеноста и платитe, а во растот на платите значајна улога одигра и мерката за поддршка на приватниот сектор за покачување на платите која ја искористија над 22.000 компании и ги зголемија платите на околу 120.000 вработени.
Расходната страна е повисока за 7,9 отсто при што кај реализацијата на капитални расходи за првите 5 месеци бележи мал раст од 1,6 проценти во однос на 2019 година.
-Во однос на ребалансот, вкупните приходи се реализирани во износ од 37,3 отсто, додека вкупните расходи 38 проценти од планираното. Дефицитот заклучно со мај изнесува 18,9 милијарди денари или 2,8 отсто од БДП. Важен аспект е дека во време на неизвесност и глобална пандемија која предизвика економски рецесии и во најголемите економии, кога има нарушување во синџирите на набавка, намалена економска активност и зголемена улога на државата во помагање на граѓаните и стопанството, ликвидноста на буџетот е стабилна и финансирањето е обезбедено под поволни услови, рече Ангеловска.
Остварувањето на буџетските приходи само во мај изнесува 12,7 милијарди денари што претставува годишен пад од 24 отсто споредено со мај 2019 година. Даночните приходи во мај се остварија во износ од 6,5 милијарди денари или споредено со мај 2019 регистрираа пад од 28 проценти, додека придонесите се реализирани во износ од 5 милијарди денари што е речиси на исто ниво со лани.
-Во основното сценарио на Министерството за финансии, таканареченото поволно сценарио, проектираниот пад на даночните приходи за мај бил 31 отсто. Ова значи дека патеката на движење беше соодветно проектирана и досегашната реализација се движи во линија со планираното, односно имаме позитивно отстапување или подобра наплата од околку 300 милиони денари на приходите од акциза, истакна Ангеловска.
Според неа, како резултат на појавата на КОВИД-19, нужно зло беше да се преземат рестриктивни мерки кои имаат за цел заштита на здравјето на граѓаните, спречување на ширење на вирусот и нанесување неспоредливо поголема штета, хумана и материјална односно економска. Беше очекувано дека тоа ќе предизвика запирање на дел од економските активности и дека ќе го отежни функционирањето на некои синџири на набавка. Следствено, падот на приходната страна беше очекуван..
-Во мај вкупните расходи се реализирани повисоки за 1,9 милијарда денари или 11 отсто повеќе споредено со мај минатата година. Ова зголемување се должи пред се на поголемата исплата на субвенции и трансфери, односно исплата на мерката за справување со КОВИД-19 која се однесува на субвенционирање на плати во приватен сектор. Истата беше реализирана во месец мај во износ од 1,8 милијарди денари (или околу 30 милиони евра). Финансирањето на дефицитот, како и на старите долгови кои доспеваат за враќање во износ од 685 милиони евра, ќе се покриваат со издадената еврообврзница во износ од еврообврзница од 700 милиони евра, заем од ММФ заем во износ од 176 милиони евра, заем од ЕУ од 160 милиони евра, заеми од Светска банка во износ од 140 милиони евра (од кои 57 милиони евра се предвидени да се влечат во 2020 година), како и повлекувања од други кредити за реализација на капитални проекти. Исто така предвидено е нето повлекување преку државни хартии од вредност од 250 милиони евра, рече министерката.
Ова, повтори, е најоптималното портфолио, најдобра комбинација согласно трошок и рочност, односно услови за натамошно сервисирање на долгот.
-Еврообврзницата ја издадовме во вистинско време, што се огледа од побарувачката за истата која беше пет пати поголема од понудата, што е највисока во регионот од Југоисточна Европа од почетокот на кризата. Исто така, цената за еврообврзницата која ја постигнавме е 3,675 отсто што е втора најниска камата од сите седум еврообврзници кои се издадени од земјава. Треба да се има на ум и дека оваа евробврзница е издадена во време на криза, што значи дека доколку беше издадена во нормални услови каматата ќе беше значително помала помала, посочие Ангеловска.