Ангеловскa: Одобрени се 2 милиони евра за 117 фирми погодени од корона кризата

Од:

Преку втората линија бескаматни кредити за фирмите погодени од КОВИД-19 кризата одобрени се 2 милиони евра за 117 фирми во кои работат 3 001 вработен, напиша министерката за финансии Нина Ангеловска на Фејсбук.

–Одобрени се 2 милиони евра досега, со кои се поддржуваат: 58 микро, 43 мали и 16 средни компании – или вкупно 3.001 работни места. За оваа кредитна линија има огромен интерес од страна на компаниите. Барањата се обработуваат и процесираат од страна на Развојната банка, по што со одобрените се потпишуваат договори и се исплаќаат средства, пишува Ангеловска.

Кредитите од оваа кредитна линија изнесуваат од 3.000 до 90.000 евра, со 0 проценти камата и рок на отплата 3 години со 12 месеци грејс период. Вкупниот износ на Ковид 2 линијата е 8 милиони евра и за неа можеа да аплицираат фирми од сите дејности. Претходната линија бескаматни кредити Ковид 1 е целосно доделена.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски