Министерката за финансии, Нина Ангеловска, денеска ќе учествува во академските онлајн дијалози наречени „Корона-дијалози“, на тема „Влијанието на новите предизвици од пандемијата врз економијата“.
Како што соопшти Министерството за финансии, овие дискусии имаат за цел да ја вклучат академската заедница, професорите и студентите во размена на мислења, а со тоа и креирањето на јавните политики преку интеракција со институциите и реалниот сектор.
Покрај министерката за финансии, на дискусијата ќе учествуваат и професорите Глигор Бишев, Гордана Трајкоска, Оливера Костоска, Мирослав Гвероски, Анета Трајковска од Стопанската комора и Марјан Ѓуровски, кој е модератор и иницијатор на онлајн активноста „Корона-дијалози“.