Општина Тетово го зеде приматот на општина Охрид – изби на прво место на листата најзадолжени локални самоуправи, со доспеани а неплатени обврски. Тетово се наоѓа на високото 6 то место на листата од 1 061 субјект под државна капа што пријавил доспеани а не платени обврски. Освен општините, милионски долгови прикажуваат и дел од Јавните претпријатија формирани и менаџирани од локалните власти – со вкупен долг на крајот од јуни во износ од скоро 51 милион евра.
Должничка позиција на општините…
Со пријавени доспеани а неплатени обврски во износ од скоро 7,9 милиони евра општина Тетово на чие чело е градоначалничката Тута Арифи го држи приматот на “најзадолжена локална самоуправа во земјава“. Оваа должничка состојба се однесува до крајот на јуни, годинава и во однос на состојбата на крајот на март, долгот на Тетово се зголемил за 500 000 илјади евра. Милионски долгови пријавило и Јавното комунално претпријатие ЈКП Тетово во износ од цели 4 милиони евра.
На второ место со доспеани а не платени обврски во износ од 6,9 милиони евра е општина Охрид со која раководи Константин Георгиевски. Општината пријавиле уште и 60 000 – на евра како недоспеан долг за плаќање. Општина Охрид долго време го држеше првото место според висината на долговите кои на крајот од првиот квартал изнесуваа 7,4 милиони евра, со што се забележува тенденција на намалување на долговите. И Јавното претпријатие Водовод Охрид прикажува загуба од 1,2 милиони евра.
Со доспеан а неплатен долг од 5,1 милион евра зад Охрид е општина Карпош на чие чело е Стефан Богоев. Сите три општини, Тетово, Охрид, Карпош се во првите 10 на листата најголеми должници на која се наоѓаат повеќе од илјада субјекти од државниот и јавниот сектор. И кај општина Карпош се забележува тренд на пораст на договите во однос на првиот кавртал за околу 100 000 евра. Општината пријавила уште 169 000 евра како недоспеани обврски.
Високо на должниката листа котира и општина Струга со која раководи градоначалникот Рамиз Мерко. На крајот од вториот квартал од годинава Струга имала доспеани а неплатени обврски во износ од 3,2 милиони евра додека на крајот од првиот квартал долгот бил 2,7 милиони евра, со што и кај оваа општина се забележува тренд на раст на долговите. И оваа општина, како и претходните општини, со години тоне во долгови, со нарушена ликвидност. Милионски долгови пријавило од Јавното претпријатие ЈП Водовод и канализација – Струга во износ од 1,1 милион евра.
Меѓу најзадолжение општини е и Делчево каде градоначалник е Горан Трајковски. Оваа општина прикажува доспеани а неплатени обврски во износ од скоро 3 милиони евра со тенденција на благо намалување на долгот во однос на првиот економски квартал. Само овие пет општини вкупно пријавиле долг од 26,1 милион евра.
На оваа должничка листа, меѓудругите, се наоѓаат и Гостивар со доспеани обврски во износ од 2,8 милиони евра, општина Кичево со 1,9 милиони евра, Сарај со 1,6 милиони евра, општина Брвеница со 1,4 милиони евра, општина Гевгелија со 1,3 милиони евра, општина Ресен има досепани обврски во износ од 1,1 милион евра, општина Струмица 1,1 милион евра, општините Студеничани, Демир Кпија и Дебар пријавиле доспеан долг од по 1 милион евра. Останатите општини имаа долг помал од еден милион евра.
Во општините кои имаат проблеми со редовна отплата на долговите, финансиски проблеми главно имаат и Јавните претпријатија основни од локалната власта. На оваа должничка листа се и Јавното комунално претпријатие Кичево со долг од скоро 960 000 евра, Јавно претпријатие – комунално Струга со доспеани а неплатени обврски во износ од 817 000 евра, Јавно комунално претпријатие- Комуналец Свети Николе со близу 800 000 евра долг, Јавно претпријатие за комунални работи ц.о Берово со 707 000 евра. Останатите јавни претпријатија прикажуваат досепани а неплатени обврски пониски од 600 000 евра.
Токму општините и Јавните претпијатија се на врвот од листата најзадолжени субјекти под “државна капа“.
Така, доспеаниот а неплатен долг на крајот од јуни на сите општини во земјава изнесува 55,8 милиони евра додека убедливото прво место го држат Јавните претпријатија со долг од 91,5 милиони евра. Сите државни институции и субјекти од сите сектори на централно и на локално ниво на крајот од јуни пријавиле допсеани а неплатени обврски во вкупен износ од 281,4 милиони евра.
Анализа на Порталб