(Анализа) Смртност кај Фирмите: Секоја трета новоформирана – под клуч!

Од:

Без многу инвестиции, бизнис план и ризик, најатрактивен сектор за отворање на нова фирма е трговијата. Таму најмногу се формираат нови фирми, но и најбрзо згаснуваат. Според најновите статистички мерења стапката на “смртност” на фирмите изнесува 35,7% или 64,3% од фирмите што се формирале во 2011 та година успеле да ја преживеат и следната 2012 та година.

Според големината на фирмите, Македонија се потпира токму на малите и средни бизниси кои пак, според познавачите ќе бидат први на удар со Законот за финансиска дисциплина кој стапи на сила пред еден месец.

Дури 91,2% проценти од фирмите имаат до 10 вработени но даваат плата на дури 33,7% од вкупниот број на вработени во земјава. Само 0,2% од компаниите се во групата на “големи” во кои се ангажирани 23,3% од вработените. 

Стапка на смртност од 35,7% – каде да се бара решението?

Повеќе од една третина  од новоформираните фирми не успеале да преживеат. Веднаш по првата година од нивното формирање, новите фирми – згаснале. Според најновите статистички мерења, стапката на “смртност” кај фирмите изнесува 35,7 проценти, односно 64,3 проценти од фирмите што се формирале во 2011 та година успеале да ја преживеат следната 2012 та година.

Анализата на податоците покажува дека најголем број на нови фирми има во секторот  трговија на големо и на мало. Според експертската јавност ваквиот тренд е очекуван со оглед на тоа што станува збор за бизнис кој не подразбира посериозни и долгорочни инвестиции.

“Трговијата е сектор во кој најлесно може да се основа бизнис, на најлесен начин, без да биде потребно многу знаење и сериозне капитал. Во исто време во овој сектор инвестициите, односно вложувањата не подразбираат посериозни средства кои можат да ја однесат фирмата до критична точка” – вели консултатот Синиша Пекевски.

Статистиката покажува дека во трговијата најмногу се формираат нови фирми, но и најмногу згаснуваат.

“Во 2012 година, бројот на новосоздадени претпријатија во Република Македонија изнесува 8329, од кои најголем број на новосоздадени претпријатија  или 2198 има во секторот “Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли ” – посочуваат од Заводот за статистика.

По трговијата, најмногу нови фирми се отвориле во административните и услужните дејности, објекти за смесување и преработувачката индустрија.

Најголема стапка на преживување има кај фирмите од здравствената дејност и финансиските услуги, но во овие сектори има и најниска стапка на новоформирани фирми.

Она што сорред економисите и бизнисмените аламира е податокот дека бавно се намалува стапката на смртност кај новоформираните фирми. Еве во кои сектори, колкав процент на фирми не успеале да ја преживеат првата година по нивното формирање:

Трговија                                       30,5%

Административни дејности        17,2%

Услужни дејности                        15,7%

Преработувачка индустрија         8,4%

 

Зошто повеќе од една третина од новоформираните фирми не успеваат да преживеат? Според економистите клучни се две работи, кои практично значат и решение за проблемот. Прво, пристапот до финансии, односно поволни кредитни линии кои треба да значат поткрепа за новата фирма во период од неколку години, и второ, имање на  јасен бизнис план за развој на фирмата.

“Решнието треба да се гледа и во поголема едукадукација на бизнисмените. Ние сме сведоци дека сеуште најголем дел, односно најголем процент од фирмите немаат бизнис план. Токму тој бизнис план не  е само лист харија, туку тој значи основа за сите финансиски, сметководствени и развојни планови на фирмата. Втора клучна работа е пристапот до свеж капитал, односно пари. Сметам дека тука банките треба да ја омекнат својата позиција и да бидат пофлексибилни во одобрување на кредити” – вели Пекевски.

Според економистите дополнителен притисок врз вкупната бизнис клима сега сега се очекува како последица од  Законот за финансиска дисциплина, кој според познавачите ќе биде “меч со две острици”. Дел од стопанствениците што ги консултираше “Порталб” сметаат дека на удар ќе бидат токму помалите бизниси.

“Точно еден месец по стапувањето на сила на овој закон, иако сеуште се чекаат конкретните ефкети, можам да кажам дека тој ќе предизвика банкрот за одредени фирми. Спорено е зошто има роковите за плаќање на долговите и во случај кога фирмите меѓусебно се покриени со договор или банкарска гаранција. Една фирма која сега ми должи ќе треба да ми исплати во одреден рок, а јас на пример сакам да сум флексибилен кон таа фирма, имам доворба и соработувам со години. За мене е важно кога-тогаш да ги наплатам тие побарувања а не фирмата – должник  поради неликвидност да пропадне а со тоа и моите побарувања” – објаснува за “Порталб” еден бизнисмен од Иформацискиот сектор.

А токму Законот за финансика дисциплина, кој беше поздравен од бизнисмените, требаше да ја подобри вкупната ликвидносна состојба на приватниот сектор.

“Крајната цел на Законот за финансиска дисциплнина е да ги насочи фирмите сериозно да внимаваат кога ќе се задолжуваат, односно кога ќе создаваат обврски во рокови кои нема да можат да ги испочитуваат. Кога зборуваме за приватниот сектор, тука кругот е затворен, но она што е отворено прашање е иземањето на државата од ова законско решение а државата, условно е најголемиот бизнис партнер на приватниот сектор.” – смета Пекевски.

Бизнисмените од стопанските комори најавија дека сите забелешки наскоро ќе ги испратат на адреса на Владата, министерот за финансии пак изјави дека ќе се почекаат неколку месеци пред да се преземат потези за евентуална корекција на сегашното законско решение.

Македонија и натаму според големината на фирмите, важи за економија во која доминираат малите и средни бизниси. Дури 91,2% проценти од фирмите имаат до 10 вработени но даваат плата на дури 33,7% од вкупниот број на вработени во земјава. Само 0,2% од компаниите се во групата на “големи” во кои се ангажирани 23,3% од вработените.

 

Анализа на Порталб

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Секој граѓанин треба да плати за тоа што потрошил: Бектеши повика да се реши проблемот со струјата во Слупчане

Орце Костов