Само за еден месец, или во април во однос на март трошоците за живот што ги опфаќа Синдикалната минимална кошница се зголемиле за 140 денари. Според најновите податоци шт ги објавува ССМ, за да се подмират основните животни потреби во четвртиот месец од годинава биле потребни 535 евра, пишува неделната економска анализа на Portalb.mk.
Најголем дел од парите или скоро 74% завршуваат за исхрана и домување. Во споредба со април, 2018 година, трошоците преку синдикалната кошница се зголемени за 500 денари.
Месечно – за исхрана и сметки 23 300 денари…
Само за исхрана, на месечно ниво се потребни се најмалку 226 евра а за да се подмират сметките за комуналии, покуќнина, одржување, на едно смејство му се требаат 170 евра. Ова значи дека во вкупните трошоци на месечно ниво, најголем удел имаат оние за основни потреби – храна и сметки за струја, вода и други комуналии.
Еве колку пари и за што се трошат, односно треба да се потрошат за да се задоволат основните животни потреби:
Исхрана и пијалаци 13.909 денари
Домување 10 423 денари
Хигиена 2 331 денари
Превоз 2 386 денари
Облека и обувки 2 164 денари
Култура 1 070 денари
Одржување на здравје 703 денари
Вкупно: 32 989 денари
Најновите податоци за Синдикалната минимална кошница што ги објавува ССМ покажуваат раст на трошоците и на месечно и на годишно ниво. Во април за подмирување на месечните трошци биле потребни 32 989 денари што во споредба со март, претставува раст од околу 140 денари, додека во споредба со април 2018 година, вредноста на синдикалната кошница се зголемила за скоро 500 денари.
Сиромашните семејства раполагаат со 175 месечно…
Неодамна објавеното истражување на Заводот за статистика покажа дека само 15,4% од домаќинствта можат лесно или подносливо лесно да ги задоволат потребите со вкупните месечни приходи, сите останати се соочуваат со проблем. Истражувањето го потврди големиот јаз меѓу најсиромашните и најбогатите, па така семејствата кои се вбројуваат во категоријата “сиромашни“ – на годишно ниво располагаат со прходи во висина од 2 100 евра или на месечно ниво 175 евра, што се далеку од средствата кои се потребни за подмирување на основните животни потреби.
Висината на раположливите приходи во едно домаќинство го диктира кавалитетот на животот,. Статистиките покажуваат дека и оние кои работат или примаат пензија не значи дека се надвор од зоната на преживување.
„Од сите вработени лица само 9 % се сиромашни, од сите невработени – 38.7 %, од пензионерите – 7.7 % и од другите неактивни 32.1 % се сиромашни“, наведуваат од Заводот за статистика.
Раст на платите, нов зголемување на минималецот…
Во обид да ја амортизира и сузбие сиромаштијата Владата најави ново зголемување на минималната плата. Треба да достигне ниво од 13 000 денари а според најавите повисокиот минималец треба да се исплаќа од 1 јули. Како што објави „Порталб“ во тек се преговори на засегнатите страни – власта како креатор на законско решение и работодавачите кои треба да ја исплаќаат минималната плата. Дел од стопанствениците ни изјавија дека е можна промена во дел од условите и критериумите кои се однесуваат на искористување на буџетската поддршка поврзана со зголемената минимална плата.
Додека се прават последните анализи за зголемување на минималецот, февруарските податоци покажуваат дека на државно ниво, просечната нето плата изнесува 24 192 денари или 393 евра. Во однос на февруари 2018 година статистиките бележат пораст за 4,5 %.
„Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: дејности на здравствена и социјална заштита за 11.6 %, транспорт и складирање за 10.0 % и во секоторот земјоделство, шумарство и рибарство каде порастот е 8.5 %“, соопштуваат од државната статистика.
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец има во секторите рударство, снабдување со електрична енергија, гас, кај транспорт и складирање. Анализирано според висината – највисоки плати од 42 056 денари се исплаќаат во секторот информации и комуникации, 41 450 денари просечна нето плата имаат вработените во финансиските дејности и осигурувањето, во стручните и научните дејности таа е 28 624 денари, просечната нето плата во секторот снабдување со електрична енергија (гас) изнесува 37 459 денари, додека пониски плати од 20 000 денари земаат вработените во земјоделството, шумарството, преработувачката индустрија, севрвисните дејности како хотели, угостителски објекти, во администрацијата и помошните услуги.
Анализа на Порталб