Анализа: Ручек во ресторан „луксуз“, драматични поскапувања во преработувачката индустрија

Од:

Речиси не постои сектор, бизнис, дејност, услуги каде не се зголемија крајните цени за граѓаните, пишува Порталб. Во септември годинава во однос на истиот месец лани индексот на цени во угостителството е зголемен за фантастични 17,6%, индексот на цените на крајните производи во преработувачаката индустрија е со раст за 25,8%. Драматично поскапување и на дел од земјоделските производи.

Драматичен раст на цените во преработувачка индустрија, ресторани…

Цените на храната во маркетите се менуваат односно растат на дневно ниво. Граѓани аламираа дека ист производ во различни продавници се продава со ценовна разлика и по 10, 20 денари – што укажува дека во вакви економско кризни услови на пазарот буквално се „игра“ со цените. Поскапа храна во продавниците, на зелените пазари но и во рестораните.

„Ручек во кафана станува луксуз. Ако пред неколку месеци за две лица плаќаме максимални 1200 денари за скромен ручек, сега истиот го плативме 1 800 денари, многу е поскапено, и храната и пијалаците“, вели скопјанец.

Во септември регистрирана е една од највисоките стапки на раст на цените во угостителството – само индексот на цената на храната што се служи во рестораните и другите угостителско-сметувачки објекти е зголемен за 23,1% во однос на септември 2021 година.

Податоците но и реалната состојба во секторот покажуваат дека во рестораните е поскапено се – храна, пијалаци а најголем раст на индексот на цени има кај слатките за драматични скоро 35%. Но цените во угостителството не се зголемени само на годишно, туку и на месечно ниво – конкретно само во септември во однос на август индексот е зголемен за 16%.

Угостителството е само една од крајните дејности каде се прелеа ценовниот раст од индустријата – речиси нема домашни производители кои не ги зголемија цените на крајните производи.

Конкретно, во преработувачката индустрија која опфаќа производство на прехранбени производи, на пијалаци, облека, метали, хемикалии, во август годинава во споредба со истиот месец лани, индексот на продажните цени е зголемен за фантастични 22%.

Драматичан ценовен раст има и тешката индустрија каде на пример индексот на крајната цена во производството на фабрикувани метални производи е зголемен за 80,8%, во призводството на метали за 16% а во производство на машини и уреди за 16,5%.

Ваквите цени според производителите се последица на растот на цените пред се на енергијата но и на растот на цените на суровините за производство. Во август годинава во споредба со истиот месец лани во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација регстриран е раст на индексот на продажната цена за цели 51,1%.

Раст на цените на земјоделските производи…

Ниту земјоделството не остана имуно на ценовниот притисок но според податоците – во овој сектор е регистрана пониска стапка на раст на индексот на цени иако нивните трошоци се значајно зголемени, па дури и одделни земјоделски гранки работат со загуба. Во август во споредба со истиот месец лани индексот на трошоците во земјоделството е зголемен за 22,6% а индексот на крајната цена на производите е со раст од 11,6%. Највисок раст на цените, односно најмногу покапеле житата, оризот и компирот.

Иако дел од земјоделците ги продаваат своите производи и суровини со загуба – преку откупувачите, преработувачите па се до маркетите , нивните производи се продаваат по значајно повисоки цени.

Анализа на Порталб

Би можело да ве интересира

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Орце Костов

Државата да ја регулира заштитата на националната критична инфраструктура и да ја унапреди заштитата на јавните места пред да доживееме трагичен напад

Орце Костов

Анализа на Собрание: Половина пратеници говорат без аргументи, нема почит кон личноста на колеги од друга партија

Орце Костов

Репортажа – Грција: Цени и услуги, дождот го „потопи“ почетокот на летната сезона!

Ана Ололовска

Шесте најзадолжени општини имаат долг од 36 милиони евра, високо котира и Град Скопје

Ана Ололовска

Анализа: Јавните претпријатија меѓу најголемите „работодавачи“

Ана Ололовска