АНАЛИЗА: Промена на даночен модел – дали и зошто?

Од:

Точно е дека Македонија е земја со длабока економска и социјална нееднаквост меѓу граѓаните, но сепак, за да се посегне по корекции на даночниот модел, односно да се воведе прогресивно оданочување, потребни се длабински анализи за конечните ефекти од овој концепт, пишува Portalb.mk. Дел од економистите сметаат дека опцијата за воведување прогресивен данок, со цел да се намали јазот меѓу богатите и сиромашните, треба да се разгледа како можност, но креторите на економсите политики мора да земат предвид дека се можни и негативни последици во актуелниот економски амбиент, особено во делот на инвестициите.

Како да се намали социјалната нееднаквост?

Министерството за финансии го „опипува“ пулсот на расположението за можна промена во даночниот концепт, дел од економистите предупредуваат на зголемено ниво на претпазливост. Со обајвената анализа „Доходовна нееднаквост во Македонија“, креаторот на политиките потврди дека во земјава има длабока економска нееднаквост, но сепак потребни се дополнителни мерења ако навистина останува намера за воведување на прогресивно оданочување, сметаат дел од економистите. Од Институтот за економско истражување и политики Finance think се сомневаат дека прогресивниот дано, со кој треба да бидат засегната најбогатите, ќе ги даде очекуваните буџетски ефекти.

„Буџетските ефекти од потенцијалното прогресивно оданочување би биле релативно мали и на годишно ниво би се движеле помеѓу 30 и 37 милиони евра дополнително прибран персонален данок од доход, што претставува помеѓу 10,8% и 13,1% од вкупно прибраниот персонален данок од доход. Притоа, овие пресметки не го земаат предвид ефектот од потенцијално зголемување на даночната евазија. За споредба, износот што од буџетот се одвојува за сите видови социјални помоши, на годишно ниво изнесува околу 100 милиони евра. Износот што буџетот ќе го одвои за субвенционирање на порастот на минималната плата изнесува 90 милиони евра “ – оценуваат економистите на Finance think

Според објавената анaлиза на Министерството за финансии, Македонија предничи во Европа според доходовната нееднаквост. Нaјбогатите 1% граѓани заработуваaта по 4 180 евра во просек месечно, наспроти нив се останатите 99% кои заработуваат 262 евра месечно во просек. Ова, според истражувањето, покажува дека 14 отсто од вкупниот доход завршува кај еден процент од граѓаните а при тоа најбогатите плаќаат најмалку данок како процент од доходот.

„Педесет проценти од луѓето кои остваруваат доход, имаат доход што е под 212 евра месечно. Следниот пример што е уште по фрапантен и се однесува на една текстилна фабрика којашто има 377 вработени, 366 од нив имаат просечен месечен доход од 140 евра, односно 8.500 денари, а лицето што има највисок доход во оваа фабрика има доход кој што изнесува 73.000 евра месечно“ – изјави за Portalb.mk економистот од Министерството за финаннсии, Бранимир Јовановиќ.

“Од поранешна перспектива, кога како бизнис сакавме промена на Власта, бевме отворени за промени. Од сегашна перспектива, мислам дека има колебања кај стопанствениците во однос на тоа дали е потребна измена на даночниот модел, односно прашањето е дали ќе го издржат. Мој личен став е онака како што е презентирано тоа не е доволно јасно презентирано. Не сум сигурен дека целата операција е осмислена до крај, но секако дека е потребно да се отвори дебата.Знам дека мнозинството стопанственици со самиот факт што со години беа под разни форми на притисоци, сега би можеле да дадат за економијата повеќе но важно е доволно добро да се дискутира и да се образложи зошто ни треба менување на даночната политика“ – вели за Portalb.mk економскиот аналитичар Фатмир Битиќи.

За познавачите, важни се повеќе прашања на кои јавноста чека одговор.

„Дизајнот на потенцијалната реформа за прогресивно оданочување треба да биде внимателен, во поглед на следните прашања: Колкава ќе биде стапката на прогресивниот данок? Кои ќе бидат границите на одделните стапки? Кои се лицата кои ќе бидат оданочени со повисоки стапки, односно дали се тоа претприемачи, менаџери, професионалци во брзорастечки индустрии (ИТ) и сл.? Како новонаметнатиот даночен товар ќе се одрази врз малите претпријатија, стартапите и кој било друг претприемнички потфат?’ – велат од Finance Think.

Економистите упатуваат и на можни негативни ефект, особено во делот на странските инвестиции, па така дел од нив коментираат:

„Сметам дека со сегашните заработувачки во земјава, заедно со вкупниот економски контекст нема услови за промена на даночниот модел, односно воведување на прогресивно оданочување. За потсетување, регионот тежнее кон рамно оданочување, тоа се случи и во соседна Албанија. Прогресивното оданочување заедно со раст и на данокот на добивка, во вакви економски услови може да влијае врз намалување на повисоките плати но и врз инвестициските одлуки“.

Инаку, највисокиот доход што е остварен во 2016 година изнесувал 2,6 милиони евра, 15 лица оствариле доход над еден милион евра а доход над 500 илјади евра минатата година имале 66 лица. За постоечката доходовна нееднаквост укажува и податокот дека 775-те лица кои имале над 100 илјади евра доход заедно оствариле доход од 190 милиони евра што е еднакво на вкупниот остварен доход на 210 илјади лица кои имале најниски приходи.

Би можело да ве интересира

Илиеска: Владата со измените на законот за данок на добивка удира по малите претпријатија, го укинува ослободувањето за фирмите со промет до 3.000.000 денари, кои се најкревки

МФ: Усвоени измените на Законот за данок на личен доход за укинување на прогресивното оданочување и даночењето на каматите од заштедите

ССК: Не е време за нови даноци, да ги поддржиме клучните сектори

(ВИДЕО) Ковачевски: Со новата праведна даночна реформа нема нови даноци, нема зголемени даноци и се укинува прогресивното оданочување

Ана Ололовска

Димитриеска Кочоска: ВМРО-ДПМНЕ е против даночната политика на СДСМ за високи даноци за народот, ние протежираме политика на ниски и рамни даноци

Ана Ололовска

Ковачевски: До 2023 намалување на персоналниот данок во ИТ од сегашни 10 на 0 проценти

Ана Ололовска