Владата прави математики, дел од економистите предупредуваат на негативни ефекти од прогресивно оданочување за месечни приходи повисоки од 1 000 евра. Дали со потегот да се зголеми перосоналецот за оваа категорија на приходи ќе се заштити средната класа и ќе се намали јазот меѓу богатите и сиромашните или ќе се предизвика сосема спротивен ефект? Овој месец треба да почне дебатата за прогресивно однаочување, пишува неделната економска анализа на „Порталб“.
Во оваа фаза јасно е дека новото решение ќе стапи на сила следната година и дека стапката на персоналниот данок ќе се зголеми на 18% за повисоки примања – но клучно прашање е кој ќе биде прагот за оданочување со поголем персоналец.
Повисокиот персоналец ќе ја зголеми сивата економија!?
Вработените во конкурентските дејности, односно професии што се добро платени во странство ќе бидат на удар на најавеното зголемување на перосоналниот данок а крајниот ефкет ќе биде – нивно иселување од Македонија. Вториот негативен ефект ќе одрзи директно во Буџетот, преку стумилирање на сивата економија, односно намалување на приходите кои досега се слеваат по основ на перосонален данок од авторски договори и привремени вработувања. Овие две последици, според економистите, ќе бидат извесни доколку се истурка предлогот за зголемување на персоналниот данок на 18% за месечни приходи повисоки од 1000 евра. Практично, според експертите, спорна е висината на приходите кои треба да бидат оданочени со повисока стапка .
„Ова што сега се предлага и се зборува, за воведување на стапка на перосонален данок од 18% за приходи повисоки од 1 000 евра е практично операција за дел од граѓаните да станат ДДВ обврзници. Не се воведува прогресивна стапка на пероснален данок туку ДДВ за физички лица. Со овој потег мислам дека таргет на Владата се граѓаните кои “играат“ на беза и оние кои издаваат под закуп станови и куќи, а тој број на граѓани не е мал. Се работи за високи суми на пари што се вртат. Но, од друга страна, со ова решение на удар ќе биде и една друга категорија на вработени – со привремени договори за вработување и оние кои заработуваат преку авторски договори. Тука ќе се појави замка, односно опасност граѓаните, за да го избегнат плаќањето на повисок данок, да преминат во „сива“ економија. Во ваков случај губитник ќе биде Буџетот, кој ќе остане покус за парите кои сега се слеваат по основ на перосналец“ – вели за „Порталб“ консултантот и економски аналитичар, Висар Адеми.
Дел од бизнис фелата веќе реагираше на најавениот модел за прогресивно оданочување, со став дека на удар ќе бидат дефицитарните професии, како информатичари, вработени во финансиските дејности, консултанти. Така на пример, во секторите, информации и комуникации, снабдување со електрична енергија , финансиски дејности, осигурвање, просечното ниво на платите се движи од околу 40 000 до 60 000 денари. Информатичарите веќе испратија барање до Владата, нивната професија да биде изземена од најавеното законско решение.
„Да разговараме да се слушне нашиот став и да најдеме соодветно решение кое што може да биде компаративно во однос на земјите околу нас и земјите во светот кои постојано ја потпомагаат индустријата“ – изјави недмна Горан Поповски, претседателот на Управниот одбор на МАСИТ.
Прогресивното оданочување беше најавено со изборната Програма на СДСМ, како мерка која треба да ги намали длабоките социјални и економски разлики во општеството.
„Реформата во персоналниот данок на доход е владина програма, ако е владина програма таа ќе се спроведе. Ние не сме слепи имплементатори на нешто што сме ветиле или стои во некој документ. Целта е со тоа да постигнеме ефекти и благодети за сите. Суштината е дека сакаме правично и фер општество. Не може тој што зема 10.000 денари плата и тој што зема 10.000 евра плата да плаќа ист данок“ – смета премиерот Зоран Заев.
Официјалните податоци од надлежните институции ја потврдуваат оваа состојба на длабоки разлики во платите. Само 1,2 отсто од вработените земале плата повисока од 40 000 денари.
„Според висината на просечната нето-плата, околу 60 проценти од вработените лица примаат нето-плата од 8.000 до 20.000 денари, што е под просечната нето-плата за 2015 година. Наспроти ова, само 16,2 проценти од вработените имаат плата еднаква или поголема од просечната месечна нето-плата. Од друга страна, во категоријата највисоки месечни примања (над 40.000 денари) спаѓаат само 1,2 проценти од вкупно вработените лица“ – се наведува во еден од извештаите на НБМ.
Овој месец треба да почне јавната дебата околку моделот на прогресивно оданочување. Првично, министерот за финансии Драган Тевдовски најави дека се размислува прагот за повисоко оданочување да биде нешто над 1 000 евра. Деновиве, вицепремиерот за економски прашања изјави дека сеуште се прават анализи.
„Сметам дека треба да се направи математичка анализа и модел да се види кои ќе бидат придобивките од персоналниот данок што, секако, ќе се воведе на 18 проценти, но предмет на анализа треба да биде прагот. Таа анализа треба да биде издржана и во моментов не можам да кажам кој ќе биде прагот. Кога ќе биде завршена анализата ќе биде кажана и бројката за прагот. Јас само отворив дилема дали 1.000 евра е можеби низок праг и дали можеби ќе ги дестимулира младите луѓе кои стигнале до таа плата. Ценам дека треба да водиме грижа за младите високообразовани кадри и да ги стимулираме да останат во земјава. Треба да се грижиме и за професионалната класа и да не ја оптоваруваме, како и да зајакне средната класа“ “ – вели Анѓушев.
Економистите велат дека целта на прогресивното однаночување во суштина е насочена кон намалување на економските разлики што треба да води кон поправедно општество, но посочуваат на опасноста дека можат да се загрзат и оние кои сега се на накој начин средна класа.
„Примањата од 1 000 евра не сматам дека се показател за богат човек. Особено ако знаеме дека вредноста на месечната потрошувачка кошница изнесува 500 евра. Може да ни се случи заработените пари да се излеваат надвор, на нерезидентни сметки на пример во Косово. Одлевањето на капитал значи и заработени пари во Македонија да се вложуваат во странски земји, за да се избегне плаќањето на повисоки даноци“, вели Адеми.
Според проценките на Владата, со прогресивното оданочување ќе бидат засегнати само 2% од населението, кое според проценките располага со приходи повисоки од 1 000 евра.
Анализа на Порталб