Земјите од регионот со излез на море почнаа со сезонски вработувања. Грција, Хрватска, Словенија почнаа со првите повици за вработување на работници во угостителско-хотелиерскиот сектор, пишува Порталб.мк. Најновите податоци од државната статистика покажуваат драматичен „дефицит“ на кадар во земјава во повеќе значајни сектори – само за една година бројот на слободни работни места е зголемен за 1 700.
Огласи за сезонски вработувања 2023 – платите над 1200 евра…
„Дали сте подготвени за нов предизвик“
„Ве покануваме да ни се придружите во преубавата Хрватска“
Објавени се првите повици за сезонски вработувања за 2023 та. Во угостителскилскиот сектор доминираат понудите од Хрватска која изминатите години привлече илјадници наши државјани за сезонска работа. Дел од хотелските комплекси во Хрватска во пресрет на летната сезона веќе организираа и „отворен ден“ во Скопје за избор на кандидати за вработување.
„Сѐ што се бара од кандидатите е волја за работа на Јадранското крајбрежје, а пожелно е на отворениот ден со себе да имаат и своја биографија (CV)“ – беше наведено во еден од огласите.
И ова сезона освен плата работодавачите нудат „покривање“ на сите трошоци како сместување, дневни оброци, трошоци за работна дозвола, патни трошоци па и летни бонуси. Целиот овој пакет заедно со висината на платите кои се движат над 1000/1200 евра е “магнет“ особено за помладите лица.
Но, работници во угостителството бараат и хотели и ресторани од Словенија.
„Предност имаат работници со ЕУ пасош но може да аплицираат и кандидати со македонски пасош ( посредувавме сезонска работна виза). Плата од 1200 до 2000 евра месечно, во зависност од позицијата“ – се наведува во еден од огласите за оваа сезона.
Земјите од опкружувањето, Грција, Хрватска, па дури и Бугарија, Словенија претежно бараат келнери, бармени, хигиеничарки, кувари – кадар кој е дефицитарен и во земјава.
Во земјава 9 700 слободни работни места – значајно повеќе во однос на 2021…
Само еден ресторан од Скопје минатата недела објавил оглас за седум вработувања, бара келнери, шанкери, слаткар, кувар, пица мајстор. Хотел нуди работа за исти занимања, а бара и собарки. И домашниот пазар на работна сила е преполн со огласи за вработувања во угостителско-хотелиерскиот сектор.
Дефицитот на кадар го потврдува и статистиката. На крајот од 2022 година во земјава се регистрирани 9 700 слободни работни места што е за 1 700 повеќе во однос на 2021 ва година. Особено бројот на слободни работни места е зголемен во услужните дејности и во градежништвото.
Изминатите години на пазарот на труд во земјава се случуваат “тектонски“ поместувања особено во угостителскиот сектор и во рудоинтензивните дејности како и во преработувачката индустрија. Па така само за една година бројот на слободни работни места само во преработувачката индустрија е зголемен за 530. Ако се анализира по региони, најмногу слободни работни места 5 360 има во Скопскиот регион, со скоро 1 300 следува Пелагонискиот регион а на трето место со 742 слободни работни места е Источниот регион. Дефицитот на кадар станува се поголем проблем во земјава. Иако има раст на минималната плата која повлече и раст на другите плати, одливот на кадар и натаму е присутен, а како причина веќе не се наведува само висината на платата туку и други фактори како партизацијата на институциите, корупцијата, недовербата во судството.
Анализа на Порталб