За скоро 52 000 луѓе е зголемен бројот на лица регистрирани во гарфата “невработени“ на крајот од октомври годинава во споредба со лани истиот месец. Како последица на губење на работното место поради Ковид 19 кризата – евидентирани се близу 16 000 лица, пишува „Порталб“. Здравствената криза донесе дисторзија на пазарот на труд, многу луѓе останаа без работа, но има професии кои се “барани“ на пазарот.
Во земјава има 8 400 слободни работни места…
Преработувачката индустрија, трговијата и угостителско-хотелиерскиот сектор се дејност во кои, според податоците на Заводот за статистика има најголем број на слободни работни места. Дел од овие сектори воедно се и најпогодени од економската криза – со забавена или целосно запрена деловна активност. Така, на крајот од третиот квартал во преработувачката индустрија имало 2 317 слободни работни места, во трговијата 1 543 а во угостителско-хотелиерските дејности 94 слободни работни места. Интересно е дека годинава во однос на лани истиот период – токму кај овие дејности се забележува намалување на пополнетите работни места .
На крајот од третиот квартал од 2020 во преработувачката индустрија биле пополнети 115 863 работни места а лани истиот период 120 549, што значи дека бројот на пополнети работни места само во овој сектор се намалил за скоро 4 700.
Најголем пад на бројот на пополенти работни места има кај дејностите поврзани со сместување и сервисни дејности со храна за 5 300 годинава во споредба со ланскиот трет економски квартал.
„Ваквите показатели се очекувани. Ние имаме одлив на работна сила по различни основи, како пензионирање, доброволен отказ поради заминување на друго работно место, но сепак најголем удел за ваквите поместувања има здравствената криза која предизвика економска криза. И најголемо намалување на пополнетите работни места е регистррано токму во дејностите кои се најмногу се погодени од сето ова што се случува“ – коментираат економистите за „Порталб“.
Додека одредени сектори се соочуваат со тешки псоледици од кризата, во други има недостиг на кадар.
„Со пренасочување кон моделот на онлајн работа се менува целиот концепт – и во дејности каде се практикува овој нов начин на работа, веќе има недостаток на обучени ИТ работници“ – велат економистите.
За една година – листата на невработени зголемена за нови 52 000…
И статистиката на Агенцијата за вработување покажува промени на пазарот на труд. Порталб направи споредбена анализа на две позиции – број на активни баратели на работа и број на пасивни баратели на работа во октомври годинава во споредба со истиот месец лани.
Во десеттиот месец од годинава бројот на регистрирани „невработени“ кои се водат како активни баратели на работа изнесува 153 799 лица и во однос на октомври лани овој број е зголемен за точно 51 986 лица.
За две години пак на листата активни баратели на работа ново регистрирани се дури 62 314 лица. Ова зголемување во 2020 та година е поседица на повеќе фактори, објаснуваат економистите. Прво, губење на работни места поради економската криза, потоа поради законската обврска сите невработени од едно семјство ( кое сака да користи државни надоместоци и помош) да се го пријават својот статус на невработени и дополнително бројките се зголемени затоа што голем број на луѓе се пријавија за да го добијат правото на корисење на мерките од владата – платежни картички, ваучери итн. Токму и поради ова пак е регистрано намалување на бројот на пасивни баратели на работа – кои мигрираа на листата активни за да може да добијат државна помош поради здравстевната криза.
Голем дел од луѓе излегоа од зона на „сива економија“ пријавувајќи се во статистиките исто така со цел да добијата државна помош. Сепак, аналитичарите велат дека ова се официјалните бројки за состојбите на пазарот на труд. Неофцијалните покажуваат дека економската криза ќе ја “подгрее“ сивата економија – работниците ќе добиваат минимална плата (субвениционира од државата) а друг дел на “рака“, со цел да се здржат работниците во услови кога дел од дејностите едвај функционираат.
Анализа на Порталб