Анализа: Нова „должничка“ листа – 816 државни субјекти пријавиле доспеани, а неплатени обврски

Од:

Објавена е новата „должничка“ листа на државни субјекти. Според податоците, на крајот од третиот квартал вкупниот долг на училиштата, болниците, општините, јавните претпријатија, институциите од култура, судството изнесуваат 329,4 милион евра. “Порталб“ во континуитет ја следи состојбата со доспеаните, а неплатени обврски на државните институции, фирми, агенции, судство, здравство.

Кој, колку и по кој основ должи …

На крајот од третиот квартал на новата должничка листа на Минстерството за финансии се евидентирани 1 153 државни субјекти – институции но 816 пријавиле доспеани а неплатени обврски. Во однос на вториот квартал вкупниот долг е намален  за околу 2,5 милиони евра, но сепак има  тенденција на пораст на долговите  во здравството, кај општините и општинските јавни претпријатија.

                     

Намалување на доспените побарувања има кај јавните претпријатија и државните фирми – во период од три месеци за нешто повеќе од 3 милион евра.

На прво место со долг во износ од 60,8 милион евра е АД МЖ „Транспорт“ – Скопје, на второ место со доспеани а неплатени обврски е 23,1 милион евра е АД „Македонски енергетски ресурси“, на трето место е државното  ЈП „Македонски Железници – ИНФРАСТРУКТУРА“  со обврски во износ од 16,5 милион евра, општина Тетово со долг од 11,9 милион евра е на четврто место а на петто е ЈП Колекторски систем Скопје со доспеани а неплатени обврски во износ од 8,3 милион евра.

На должничката листа меѓу првите  “50 најголеми должници“  и натаму се поголем број на општини со пријавени милионски долгови. Освен општина Тетово, високо котира и општина Охрид со долг од 6,7 милион евра, на деветто место на листата е општина Гостивар со обврски во износ од 5,4 милион евра, општина Карпош пријавила 4,2 милион евра долг , општина Делчево должи 3,1 милион евра.

                          

Во група од 50 најголеми должници спред износот на обврските се и општините Струга, Делчево, Кавадарци, Желино, Врапчиште, Студеничани, Кичево а на вкупната должничка листа се наоѓаат голем број на други општини. Кај дел од Јавните претпријатија има намалување на долговите, но кај општинските јавни претпријатија регистрирано е зголемување на долговите за 3,8 милион евра само за три месеци.

На листата со долг од скоро 8 милион евра е  ЈП Водовод Куманово со Ц.О Кумановопотоа е скопски ЈП Водовод и канализација –Скопје со доспеани обврски во износ од 6,2 милион евра, ЈКП Тетово Ц.О – Тетово должи 4,8 милион евра, ЈП Чистота и зеленило – Куманово пријавиле долг од 4,2 милион евра,  ЈП за Комунални дејности комуналец Ц.О Струмица пријавиле 4 милион евра а АД „Водостопанство“ – Скопје е со доспеани а неплатени обврски во износ од 3,9 милион евра.

На должничката листа 20 – на агенции под “државна“ капа прјавиле доспеани а неплатени обврски – со највисок износ на долг во оваа група е Агенција за електронски комуникации со пријавени обврски во износ од скоро 500 000 евра, Агенција за катастар на недвижности има долг од 114 000 евра а Агенција за храна и ветеринарство должи 50 000 евра на крајот од третиот квартал.

                                  

Во третиот квартал од годинава во споредба со истиот лани вкупниот долг на државниот сектор на централно и на локално ниво е зголемен за 23,5 милион евра.

Анализа на Порталб

Би можело да ве интересира

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

Државата да ја регулира заштитата на националната критична инфраструктура и да ја унапреди заштитата на јавните места пред да доживееме трагичен напад

A1on

Анализа на Собрание: Половина пратеници говорат без аргументи, нема почит кон личноста на колеги од друга партија

A1on

Репортажа – Грција: Цени и услуги, дождот го „потопи“ почетокот на летната сезона!

Ана Ололовска

Шесте најзадолжени општини имаат долг од 36 милиони евра, високо котира и Град Скопје

Ана Ололовска

Анализа: Јавните претпријатија меѓу најголемите „работодавачи“

Ана Ололовска