АНАЛИЗА: Многу дипломци – малку работа!?

Од:

Според податоците од Агенцијата за вработување, на крајот од март вкупниот број на луѓе со статус невработени бил 201 166 и во однос на декември, 2015 година тој се намалил на 9 581. Во исто време и државната статистика измери рекордно ниво на невработеност, во четвртиот квратал 24,6%, што се смета за едно од најниските ниво на невработеност, пренесува неделната економска анализа на Порталб.мк.

Но, според економистите, статистиката покажа уште еден требн – се намалува активното население во Македонија, што може да боде показател за она што се алармира подолго време – “белата чума“, односно иселувањето.

Вработување или иселување на образованите луѓе ….

На крајот од првиот квартал, во Агенцијата за вработување без работа биле повеќе од 14 000 лица со високо образование, со статус невработени магистри на науки  имало 964 луѓе и 31 доктор на науки. Во споредба со декември, 2015 година, бројот на невработени лица со високо образование се намалил за незначителни 623 лица. Кај магистрите на науки намалувањето на невработеноста е за само 9 луѓе а пак бројот на невработени доктори на науки се зголемил за уште еден докотор на науки.

Меѓу градовите кои предничат според бројот на невработени академци е и Тетово каде има скоро 1 500 невработени со високо образование, 71 магистер на науки и 4 доктори на науки кои се евидентирани како „невработени“. За споредба, во Скопје, кој е водечки град според бројноста, има 2 800 невработени дипломци. Голема стапка на невработени образовани лица, во однос на бројот на населението, има и во Куманово, Гостивар, Кичево, Картово, Демир Хисар.

Бавното намалување на невработеноста кај оваа категорија на граѓани, според степенот на образование, е една од причините зошто тие и најмногу посегнуваат по емиграција, што директно се одразува и врз вкупната бројка на активно население во земјава.

„Сите овие бројки што ги бајвува државната статистика се потпираат на рамка на примерок, која методолошки не е спорна и е во согласност со европските стандарди, но проблемот е во тоа што таа рамка се потпира на попис спроевден во 2002 гдина, примерок од 5 000 домаќинства што бил користен пред 14 години. Сепак, намалувањето на активното население во земјава е пред се резултат на механичко движење, односно не можеме да го занаемариме фактор оти луѓето, особено младите и образовани псоегнуваат по иселување“, вели за Порталб.мк универзитетскиот прфесор Драган Тевдовски.

Ако се направи споредба на борјот на невработени луѓе со високо образовани, податоците покажуваат големи разлики во мерењата на Агенцијата за вработување и државниот завод за статистика, кои според економистите се резултат на методолошките разлики, но сепак велат дека се драстично поинакви бројки за утврдување на иста состојба. Така, на крајот од 2015 година според Агенцијата за вработување во Македонија имало 15 761 невработени лица со високо образование( високо образование, магистри и доктори), додека според Заводот за статистика овој број изнесувал 41 424 луѓе или разлика од 25 663.

Се намалува борјот на активно население…

Според последните расположливи податоци на државната статистика, бројот на активно население во Македонија е на најниско ниво во изминатите години. На крајот од 2015 година во земјава имало 954 924 активни граѓани, со што во оваа бројка се вклучени и  вработените и невработените. Стапката на активно население во 2015 изнесувала 57% и е најниска стапка во изминатите три години. Од друга страна, податоците покажуваат дека во истиот период се зголемува бројот на работоспособно население, кој достигна 1 676 659 граѓани.

Она што според економистите може да се смета како алармантно во овој тренд е

намалувањето на активното население, во кое, според старосната структура,  се вклучени оние кои се над 15 години, а  се невработени или бараат работа.

 

„Сите овие бројки и податоци треба да се анализираат со резерва. Ние како земја од 2002 та година немаме попис, статистикача операција која е основа за сите економски мерења. Во остуство на оваа операција, јас не можат да кажам дека и овие бројки се релевантни. Од друга страна самиот податок дека се намалува бројот на активни граѓани, меѓудругото може да се толкува и како резултат на трендот на одлив на работоспособно население“, вели за Порталб.мк политикологот Соња Сојадиновиќ. 

Трендот на намалување на активното население е нотиран и во новиот, мајски Извештај на Народната банка, која констатира дека на крајот од 2015 година се намалува и понудата на работна сила на пазарот на труд. 

„Во четвртото тримесечје, понудата на работна сила се намали за 1,2%, што претставува продлабочување на негативната годишна динамика забележана во претходните два квартала. Падот забележан кај активното население, при истовремен посилен раст на бројот на неактивни баратели на вработување, доведе до надолно приспособување на стапката на активност, од 57,4% во истиот период на 2014 година на 56,6%, што претставува најниско забележано ниво во последните три години“ – се вели во мајскиот извештај на НБМ. 

Според податоците од Заводот за статистика на крајот од 2015 година во Македонија имало 705 991 вработени и 248 933 невработени граѓани. Во однос на 2014 година, намалување има кај невработените додека зголемување има кај бројот на вработени луѓе. Имено, за една година бројот на вработени се зголемил за 15 803 а бројот на невработени се намалил за 19 876.

Во четвртиот квартал од 2015 година, државната статистика измери рекордно најниска стапка на невработеност од 24,6%. И со овие показаели, земјава сеуште е во групата на оние со најдлабока невработеност, која е загрижувачка особено кај младото работоспособно население од 25 до 49 години, со стапка на невработеност од 59,5% на крајот од 2015 година.

Анализа на Порталб

Би можело да ве интересира

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

Државата да ја регулира заштитата на националната критична инфраструктура и да ја унапреди заштитата на јавните места пред да доживееме трагичен напад

A1on

Анализа на Собрание: Половина пратеници говорат без аргументи, нема почит кон личноста на колеги од друга партија

A1on

Репортажа – Грција: Цени и услуги, дождот го „потопи“ почетокот на летната сезона!

Ана Ололовска

Шесте најзадолжени општини имаат долг од 36 милиони евра, високо котира и Град Скопје

Ана Ололовска

Анализа: Јавните претпријатија меѓу најголемите „работодавачи“

Ана Ололовска