АНАЛИЗА: Кредити за железница и патишта – каде беа до сега овие проекти?

Од:

Кредити за автопати, регионални, магистрални и локални патишта. Кредити за изградба на железница, На истекот од оваа година Македонија започна да ги троши, но стави и потпис на нови задолжувања за изградба на инфратруктура, Само за два кредити, од Кина и од Европската банка, долгот се зголеми за повеќе од 800 милиони евра. Дополнително, тука се и кредитите за делница Демир Капија-Смоквица од 220 милиони евра, кредит од 50 милиони евра за локални патишта. За какви инфраструктурни проекти се задолжуваме и дали задоцнето Македонија влезе во инвесициски циклус?

Македонија задоцнето инвестира?

На Македонија и се потребни 1,7 милијарди евра за да ги реализирана клучните инфраструктурни проекти во следните пет години. Од каде ќе се обезбдат овие пари? За инвестицискиот циклус, со почетокот на годинава Владата влезе во кредитни задолжувања. Првото од Кина, за изгрдба на двете патни делници на исток и на запад од земјава државата зема заем од кинеската Ексим банка во вредност од 550 милиони евра. Втората поголема кредитна линија е од Европската Банка за обнова и развој, со 305 милиони евра ќе се градат патишта и дел од железницата. Само по основа на овие два кредити, државата се задолжи 855 милиони евра.

Според Вулнет Палоши, експерт по патна инфрастуктура, земјава задоцнето влегува во сериозен инфраструктурен циклус, и сега ќе се бори барем да ги стаса земјите од регионот.

“Во земјава во последните десет години ние немавме поголеми и позначајни инфраструктурни проекти. Македонија веќе доцни со изградба на ваквите прокети и би рекол тоа е резултат на погрешни проценки. Ако направиме споредба со регионот, Србија најави инфраструктурен инвестициски циклус од 10 милијарди евра, тука е и Албанија со двата кроридори во вредност од по 3 милијарди евра, инвестиции најави и Косово во вредност од 1 милијарда евра. Сето ова покажува дека Македонија веќе доцни, и таа мора да фати приклучок не кон Европа, пред се кон регионот. Според мене, земјавта задоцнето влезе во ваков инвестициски циклус“ – оценува Палоши.

Европската Унија го подели финанасискиот колач за поддршка на инфраструктурни проекти, од него за Македонија најави 108 милиони евра. Во исто време, еврокомесарката за транспорт, Виолета Булк испрати порака дека земјите од регионот, особено оние од Западен Балкан да внимаваат при кредитните задолжувања за патишта и пруги.

„Мора да се фокусираме на подобрување и на повторна изградба на постоечката инфраструктура на Балканот, наместо на градење скапа нова инфраструктура која што не мора да значи дека ќе ги исполни потребите. Не паѓајте во стапица за лесно добивање пари од заеми кои во иднина сепак ќе мора да ги вратите“, .изјави комесарот за транспорт Булк.

Според аналитичарот Палоши, на хартија останаа многу крупни проекти, кои до сега требаше да бидат во фаза на изградба. Сега, кога Македонија реши да реализаира дел од нив, европските интереси за финансирање се променети, објаснува Палоши.

„Се случува, би рекол, една необична работа. Според мене Коридорот 8 и Коридорот 10 не постојат. Европската унија објави нови коридори кои практично ги заобиколуваат Македонија, Србија, Албанија. Сега ЕУ практично ни праќа порака да внимаваме од каде се задолжуваме, особено кога се работи за Кина, земја која практично е конкуренција на ЕУ во однос на понудата на ефтини и поволни кредити за изградба на инфраструктура. Кина нуди камати за кредити кои се прибложија до условите што ги нуди Европската Банка за обнова и развој“, вели Палоши.

Регионално, Косово влезе во посериозен инфраструктурен зафат, со план за три години да го заврши патот до границата со Македонија.

„Република Косово прави максимални напори за да постигне што повисоки стандарди во изградбата на патиштата и отворањето на коридорите. Ние досега успеавме да пуштиме во употреба 80 километри на автопат од границата со Албанија кон Србија, односно до северот на Приштина и сега веќе сме почнавме со изградба на патот кој ја поврзува Приштина со Скопје, преку Патот 6. Изградбата на патот Приштина – Скопје ќе овозможи поврзување со Коридорот 8, така да ќе имаме многу полесен пристап меѓу двата коридора, 8 и 10. За три години Косово ќе го заврши патот до граница“, речеФехми Мујота, министер за инфраструктура на Косово на министерскиот совет што се оддржа во Скопје.

Кредити – за што?

На истекот од годинава, Македонија стави потпис на уште едно кредитно задолжување. Од Европската банка за обнова и развој позајми 305 милиони евра, од кои 145 милиони евра ќе бидат за изгадба на железничка инфрструктура а 160 милиони евра за патна мрежа.

Со парите ќе се гради пругата од Бељаковце до Крива Паланка,како дел од железничкиот Коридор 8 во должина од 34 километри.Подигнатиот кредит е со рок на отплата од 15 години, грејс период од четири години и моментална каматна стапка од околу 1,5%. Со останаите160 милиони евра ќе гради автопатот Струга – Требеништа и патишта Прилеп – Градско, Охрид – Пештани и Штип – Кочани.

„Тоа ќе значи ангажман на домашни фирми и работници, подигнување на БДП за време на реализацијата на овие проекти, а долгорочно ќе се подобри конкурентноста на економијата, бидејќи ќе се отворат нови патни правци, а Македонија ќе има подобра патна инфраструктура. Тоа ќе помогне со овие средства, со најмали можни проблеми, да се реализираат проектите, а притоа да се задржи ниското ниво на задолженост на Република Македонија“, изјави министерот за финансии Зоран Ставрески.

Годинава Македонија почна да го троши првиот поголем кредит од 550 милиони евра што го зема од кинеската Ексим банка за изградба на патишта на исток и на запад од земјава. Иако оваа кредитна линија се смета за исклучително поволна, меѓународните инстируции предупредија внимателно да се менаџира, бидејќи таа може да влијае врз вкупната должничка позиција на економијата.

„Јавното претпријатие за државни патишта потпиша кредитна линија од 550 милиони евра со кинеската Ексим банката, која треба да биде исплатени во текот на 2014-2018 година. Македонската банка за развој (МБПР) има склучено договор за дополнителни кредитна линија од околу 100 милиони евра од ЕИБ. Генерално, се предвидува дека Јавниот долг ќе се зголеми од 41% до 49 проценти од БДП во периодот од 2013 та до 2018 та година“, посочи ММФ во својата последна оценка за Македонија.

Македонија со кредит од 220 милиони евра ја гради делницата Демир капија – Смоквица, прокет кој беше засенет поради случајот “Актор“ во кој грчи државјани, како што обвини опозицијата, влечеле готовински пари од сметката на фирмата. Предметот се уште чека судска разрешница.

За рехабилитација на патишта обезбедени се 160 милиони евра а за изградба на локални патишта кредит од 50 тина милиони евра.

Анализа на Порталб

Би можело да ве интересира

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Мицкоски: Лудо е како Влада да прифатиме изградба на тунел без излез, а притоа истиот да чини 800 милиони евра

Францускиот премиер: Нападите на железницата имаа една цел – да ги блокираат возовите за Париз пред Олимписките игри

ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП

Возот од Велес утрово не тргна за Скопје

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

A1on