Анализа: Инфлацијата им ја однесе заштедата на германските домаќинства

Од:

Инфлацијата им ги собра заштедите на Германците акумулирани за време на пандемијата, соопшти денеска минхенскиот Институт „Ифо“.

Шефот на Одделот за економски истражувања на „Ифо“ Тимо Волмершаузер појасни дека приватните домаќинства во Германија во периодот од април 2020 година и март 2021 година заштедиле околу 70 милијарди евра повеќе споредбено со просекот.

Сепак, како што покажуваат банкарските биланси, потрошувачите се повеќе трошеле од она што го заштедиле минатата година, така што до крајот на првото тромесечие оваа година речиси целосно биле потрошени вишокот депозити.

„Таквата практика продолжи и во вториот квартал, со речиси непроменето темпо“, рече Волмершаузер, посочувајќи ја инфлацијата како главна причина за прекумерното трошење на заштедите на германските граѓани.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц

Авион падна во фабрички комплекс, има загинати

Мерц: Украина не треба да влезе во НАТО или во ЕУ додека е во војна со Русија

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува

ЦСУ го одобри коалицискиот договор со ЦДУ и СПД