АНАЛИЗА: И вработувањата во приватниот сектор – зависни од државата!?

Од:

Точно е дека владините мерки за стимулирање на нови вработувања во приватниот сектор, преку даночни ослободувања, придонесоа за раст на вработеноста, но исто така е вистина дека на ваков начин се создава лажна слика за реалните состојби на пазарот на труд, заедно со прашањето колку се одржливи новоотворените работни места, коментираат дел од економистите за неделната економска анализа на Portalb.mk.

Владата го усвои новиот Оперативен план за вработување во 2017 година вреден нешто повеќе од 14 милиони евра, сума која досега е рекорно највисока. Овој концепт на директна државна интревенција беше нотиран и во псоледниот извештај на Светска Банка.

Имаме ли вистинска слика за моќта на фирмите?

За отоворање на нови работни места преку даночни ослободувања и друг вид на бенефиции, годинава Владата одвои 14,2 милиони евра – пари кои преку Оперативниот план за вработување 2017 година треба да поттикнат отворање на илјадници работни места, што треба да влијае врз намалување на стапката на невработеност.

„Со реализација на овој Оперативен план очекуваме отворање на околу 10.000 нови работни места, заедно со „Македонија вработува 2“ со што значително ќе се придонесе за намалување на невработеноста која наредната година планираме да изнесува под 22 проценти, а до 2020 да се намали на 17 до 18 проценти“- изјави на промоцијата на новиот Оперативен план вицепремерот за економски прашања Владимир Пешевски.

Со новиот план за директна државна интревенција во приватниот сектор, практично се продолжуваат досегашните политики за влијание врз стопанството со буџетски пари, одноосно на државен трошок. Дел од економистите велат дека овие мерки и политички во пракса ја зголемуваат вработеноста, но потсетуваат на неодамнешниот извештај на Светска банка во кој беше посочено дека дури девет од десет вработувања во приватниот сектор се потпираат на државата.

„Досегашниот владин успех на полето на вработувањето, но и плановите за намалување на невработеноста во иднина се потпираат главно на политиката за стимулирање на вработувањето во приватниот сектор. Се работи за продолжување на мерката за ослободување од плаќање на персонален данок на доход и/или придонеси од плата за новите вработувања согласно со одредите на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност.

Овие ослободувања, ја намалуваат цената на работната сила речиси за половина од пазарната, создавајќи со тоа услови за одржување на профитабилноста на компаниите и во услови на зголемување на бројот на вработени. Неодамнешната констатација на резидентната канцеларија на Светска банка дека речиси 9 од 10 од новите вработувања се темелат на фискалните стимуации, ја девалвира успешноста на владините политики во оваа сфера, покажувајќи ја истовремено јаловоста на приватниот сектор да го апсорбира вишокот на понуда на работна сила“ – оценува за Portalb.mk економистот Павле Гацов.

На новиот објавен Оперативен план реагираа од СДСМ од каде велат дека граѓаните досега доволно ги виделе „ефектите“ од политиките на актуелната власт.

„Со тие „оперативни планови“ криминалната власт изнесе на свои сметки над 5 милијарди евра пари на граѓаните. А оставија над 500.000 граѓани под прагот на сиромаштија. И иселија над 626.312 граѓани надвор од Македонија. Друга непожелна “оперативна мерка“ е масовната операција на бришење невработени од Агенцијата за вработување. Времето на Груевски и на неговите соработници како Пешевски заврши“, порачаа од СДСМ.

Власта предводена од Вмро-Дпмне од 2007 година усвојува и спроведува посебен, опертивен план за вработување. Преку него се нудат мерки, главно во форма на даночни олеснувања и но и директни грантови за отворање на нови работни места. Главен таргет се помладите невработени лица кои се регистрирани како активни баратели на работа. Според економистите, ваквата директна државна интервенција ја искривува вистинската слика за состојбата во која се наоѓа приватниот сектор.

„Без овие владини политики растот на вработувањето во приватниот сектор ќе колабира, а ако се има предвид дека и вработувањето во ТИРЗ-овите се темели на некаква форма на фискална стимулација, на виделина излегува јаловата кондиција на приватниот сектор кој едвај може да апсорбира 1/10 од новите работници без користење на фискална инфузија. Сепак, во овој момент мерките на поддржано вработување треба да продолжат, со зголемување на контролата над исполнувањето на законските услови. Да се елиминираат сите појави на одјавување од работа заради пријавување за субвенционирано наводно ново вработување“ – вели за Portalb.mk економистот Гацов и додава:

„Штетата од ваквите злоупотреби е двојна. Активните политики за стимулирање на вработувањето го пасивизираат приватниот сектор и даваат лажна слика за големи владини успеси во политиката на вработување која ќе се разбистри по истекување на сите рокови за користење на фискалните инекции и задолжителното законско задржување на нововработените лица по овој основ. Овие политики се прифатливи на краток и среден рок, но на долг рок ја пасивизираат економијата и создаваат дефицити“

Со Оперативниот план, предвидени се 22 програми и мерки за вработување а планирано да продолжи реализацијата на Програмата за самовработување на околу нови 1.000 микрокомпании.

Според одредени проценки на надлежните институции, смртноста на новоотворените мали бизнис со државни пари изнесува околу 10 отсто.

Анализа на Порталб

Би можело да ве интересира

Османи: Сестра ми работи во М-НАВ веќе 15 години, за критериумите прашајте ги таму

Влада: Над 4.800 нови работни места во ТИРЗ за три години, во октомври рекордно 17.769 вработени граѓани

Новиот поткаст: „Што го врти светот?“ со Јована, почнува денеска во 20 часот

Груби ги кани невработените да се запознаат со работата на „Бехтел и Енка“, а тие уште не почнале да градат

A1on

Бизнис заедницата бара повлекување и запирање на предлог Законот за данок на солидарност

Потпретседател на ССК проф. д-р Симов: ИКТ секторот, туризмот и агро бизнисот главни сектори за соработка со Бугарија

Ана Ололовска