АНАЛИЗА: Даноци и давачки за животна средина – како се наплаќале од граѓаните и фирмите и каде завршувале парите?

Од:

Јавни претпријатија наплаќаат вода а немаат дозвола за управување вода. Граѓаните и фирмите плаќале за регистрација на возила но не се знае дали вистинските суми за даноци биле уплатени на сметка на Министерството за животна средина, пишува Порталб. Ревизорскиот извештај кој под лупа ги става даноците за животна средина во фунакција на политики за заштита на истата, открива серија на пропусти и слабости.

Давачки за регистрација на возила …

Граѓаните и фирмите плаќале за регистрација на возила, односно за технички преглед, а Министерството за животна средина немало увид дали надоместоците што биле уплаќани од субјектите за технички преглед на сметка на министерството биле правилно пресметани. Ревизорите нотираат сериозни забелешки во овој сегмент и покрај тоа што со законските измени фирмите за регистрација возила се обврзале најдоцна до 15 ти во месецот да достават извештај за бројот и видот на возилата кои се регистрирани како и висината на средствата кои се наплатени. Но бидејќи Министерството за животна средина нема вспоставено соработка со МВР за да ги споредат податоците, останува сомнежот за веродостојност на податоците за возилата.

“Вака воспоставениот систем не дава уверување за целосноста и точноста на податоците и уплатените средства по овој основ“ – наведуваат ревизорите.

Јавни претпријатија наплаќаат вода а немаат дозвола за управување со води ..

Големи пропусти се утврдени кај Јавните комунални претпријатија кои управуваат со вода – иако ги немале потребните дозволи тие ја наплаќале услугата од корисниците – граѓаните и фирмите. Ревизорите посочуваат дека од анкетирани 34 општини, во 11 од нив Јавните претпријатија немале обезбедено дозвола за користење на вода, или биле одбиени поради некомлетна документација или воопшто не аплицирале за дозвола, што значи секое трето ЈП работело спротивно на законите и прописите.

“Ваквата состојба на голем број одбиени барања создава ризик да се користи водата без да се има дозвола за истото и без да се плаќа надоместок за искористувањето. И покрај немањето дозвола за управување со водниот ресурс јавно комуналните претпријатија ја фактурираат услугата за водата која ја зафаќаат и ја дистрибуираат, односно вршат испуст и ја загадуваат животната средина“

Од 2020 та година до моментот на ревизијата, вкупниот долг по основ на неплатени надоместоци за вода достигнал 1 600 000 евра, од нив годинава биле наплатени 200 000 евра со што останува долг од уште 1 400 000 евра. И покрај тоа што должниците постојано се опоменувани да ги платат давачките – наплатат оди бавно.

Катастрофални се и податоците за “недомаќинско “ управување со водата – онаа што се троши а не се плаќа и онаа што се “губи“ поради дефекти, диви приклучоци.

“На ниво на државата процентот на неприходувана вода во 2021 година изнесува 60,46 % и значително е повисок во споредба со просечното ниво во земјите на ЕУ каде изнесува 30%“.

Се издавале но не се наплаќале Интегрираните еколошки дозволи…

Оштетен Буџет – ова е последица на ненавремена или воопшто не спроведена наплата на давачката за Интегрирана еконолошка дозвола. Фирми во земјава добивале ваква дозвола, но задоцнето или воопшто не ја платиле. Заклучно со крајот на 2021 та година регистриран е долг од 153 000 евра и уште попроблематично – отпишан е долг по основ на неплатени државни дозволи во износ од скоро 500 000 евра.

“51% од побарувањата се постари од 2019 година, а 49% потекнуваат од периодот опфатен со ревизијата од 2019 – 2021 година“

Во 2019 та биле отпишани половина милион евра по основ на долг од две фирми кои завршиле во стечај – кај едната побарувањата од Министерството за животна средина воопшто не биле признаени за постоечки во тек на стечајната постапка зошто министерството “не успеало“ да достави докази дека испратило решенија за наплата. Ревизорите забележуваат на начинот на кој се постапува за наплата на сумите што ги должат фирмите.

“На ревизијата не и беа доставени докази за навремено и целосно утужување односно покренување на постапки за присилна наплата на сите должници кои во редовен рок не го платиле надоместокот за поседување на интегрирана еколошка дозвола. Ваквата состојба упатува на несоодветно воспоставен систем за евидентирање и наплата на надоместоците за поседување на А интегрирана еколошка дозвола, а со тоа и ненавремена и нецелосна наплата на истите што е причина за помалку остварени приходи на сметката на Министерството“ – посочуваат ревизорите.

Сумираат дека не постои интегриран пристап во решавање на проблемите со животната средина и дека не се почитува принципот “загадувачот плаќа“.

Би можело да ве интересира

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

Државата да ја регулира заштитата на националната критична инфраструктура и да ја унапреди заштитата на јавните места пред да доживееме трагичен напад

A1on

Анализа на Собрание: Половина пратеници говорат без аргументи, нема почит кон личноста на колеги од друга партија

A1on

Репортажа – Грција: Цени и услуги, дождот го „потопи“ почетокот на летната сезона!

Ана Ололовска

Шесте најзадолжени општини имаат долг од 36 милиони евра, високо котира и Град Скопје

Ана Ололовска

Анализа: Јавните претпријатија меѓу најголемите „работодавачи“

Ана Ололовска