АНАЛИЗА: Бизнисмените проговорија – кризата ќе го сотре бизнисот!

Од:

По неколку месечен молк, бизнисмените од неколку стопански комори излегоа со заеднички став. Политичко-безбедносната криза ќе биде погубна за стопанството, особено за малите и средни бизниси кои сочинуваат најголем дел од економијата. Стопанствениците го вклучија алармот откако гувернерот на Народната банка најави дека е можно заострување на монетраната политика, потег кој директно ќе влијае врз намалување на кредитната активност, која пак е пресудна за опстанок и развој на компаниите.

„Поратлб“ преку анкета на бизнисмени, новинари и аналитичари, ги сублимира последиците од ваквата мерка, но и можните излезни решенија.

Стопанството под закана од банкрот… 

Стопанството ќе колабира, оптимистичките најави за економски раст и инвестициски развој ќе останат само проекција на хартија, оценува бизнис заедницата. Деновиве до владата ќе достават листа на мерки со кои ќе побараат помош за ублажување на последиците од кризата. Според информациите на „Поралб“, еден од предлозите ќе се однесува и на фискалната политика на Владата, односно ќе се побара запирање на трошоците за непродуктивни цели.

Според бизнисменото Горан Рафајловски, лошите денови за економијата допрва доаѓаат.

„Најавата на Народната Банка за затострување на монетраната политика за бизнисот значи поскпаување на свежите пари, односно средства не само за тековно работење туку и за инвестиции. Во моментов стопанствениците не само што не се подготвени и сакаат да инвестираат, туку тие преживуваат и мерките на НБРМ практично ќе значат крај и ќе бидат катастрофални за економската активност на приватниот сектор. Ова е време на преживување, со намалени можности за пристап до свежи пари. Први на удар ќе бидат малите и средни фирми, кои мислам дека нема да успеат да го преживеат овој удар и ќе мора да стават клучна врата. Според мене, потребни се сеопфатни мерки и комплетна промена на приоритетите за финансирање а не како што е сега, голема блокада за приспат до пари. Со оглед на тоа што првичните податоци покажуваат дека во првиот квартал има пад на ДДВ, кој е носечки данок за полнење на буџетската каса, Владата треба да одлучи дали ќе посегне по кратење на непродуктивните трошења. Јас од секогаш сметам дека ваквите прокети не носат ништо добро за економијата“, вели стопанственикот Горан Рафајловски.

Ако нема кредити, нема да има ниту економска активност, вели Митко Алексов од Соузот на стопански комори.

„Без финансиска поддршка од банкарскиот сектор, сопанството тешко може да функционира. Растот на каматите, што ќе биде последица од затегнување на монетарната политика, е лош сигнал и негативен тренд. Ако се случи такво нешто, односно ако се оставарат најавите на НБРМ, очекувам тоа да не биде драстично, или да биде во рамките на некоја поднослива мерка зошто без кредитна поддршка, стопанството тешко ќе може да функционира и сето тоа негативно, би рекол, лошо ќе се одрази врз вкупната економија, врз компаниите. Состојбата е деликатна и апалирам да се разреши што побрзо бидејќи веќе е евидентно дека личната потрошувачка се намалува, што пак ќе влијае врз вкупното производство“, вели Митко Алексов, од Сојузот на стопански комори“.

Банкротот на дел од фирмите ќе биде неизбежен доколку продолжи неизвесноста поради политичката криза, вели бизнисменот Мендерес Кучи.

„Лошата политичка состојба во земјата има негативно влијание и врз стопанството и тоа во делот на инвестициите, како кај надворешните така и кај домашните, туризмот и можното намалување на бројот на туристи кој престојуваат или најаиле доаѓање во земјава. Од безбедносни причини ризикуваме да не ни се вратат ни нашите печалбари кои се значителен стимул за потрошувачката во Македонија. Дополнително тука е и опасноста од намалување на нивните депозити кои во голема мера придонесуваат за макроекономската стабилност и обезбедуваат стабилност на дел од резервите. Ако оваа стостојба потрае и ако Народната банка ги оставри највите за заострување на монетраната политика тоа ќе значи банкрот“, вели бизнисменот Мендерес Кучи од Стопанската комора на северозападна Македонија.

Сегашната политичка криза, која доби и безбедносен карактер е удар за целата економија, а последиците потоа тешко ќе се санираат, вели новинарот Младен Чадиковски.

„Македонија дефинитивно влегува во тешка и болна економска катарза, дури и без разлика на тоа како ќе заврши актуелната политичка криза. Со оглед на растрошноста продуцирана само во последниве неколку месеци, со зголемените, плати, пензии, субвенции, зголемени на непазарна, туку на чисто популистичка основа, буџетот ќе биде под силен напон. Пред земјата е исклучително тежок период во кој задолжувањата нема да можат да ги следат ниту ветувањата ниту тековните трошоци. Сметам дека Владата нема да може да го издржи темпото што го наметна, бидејќи во економска смисла ниту е Македонија, Турција, ниту е Груевски Ердоган. Во такви услови очекувам побрза разрешница на политичката криза, бидејќи секое одолговлекување ќе биде чекор поблизу до амбисот. Ако се остварат очекувањата за формирање на преодна Влада јасно е дека таа со својот мандат нема да може да влече крупни економски одлуки, но ќе има сизифовска задача во рок од неколку месеци да одржи нормален економски амбиент. Ќе биде ѓаволски тешко, и за граѓаните и за бизнисот, но нормализацијата мора од некаде да почне“.

Сублимирано, поскапите кредити ќе значат забавена економска активност на фирмите, кои наместо за инвестиции и нови вработувања, ќе се насочат кон преживување, намалување на трошоците, па дури и откази. Неодмана Асоцијацијата за економски анализи оцени дека проекцијата за економски раст од 4,1% за годинава ќе биде нестварлива.

Анализа на Порталб

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница