Анализа: Битката за спасување на животи и на работни места го „билдаат“ државниот долг – внимателно со јавните финансии!

Од:

Постковид економското закрепнување ќе зависи од брзината на вакцинацијата – но дотогаш економиите ќе се сооочуваат со длабоки буџетски дефицити и растечки јавен долг. Ова е една од поените во новиот Извештај на Светска банка посветен на земјите од Западен Балкан. Со најрастечки јавен долг ќе се соочи Србија која е водечка според износите на средствата кои завршија за поддршка на приватниот сектор, пишува „Порталб“. И економистите во земјава нотираат дека Јавниот долг расте – но каде и колку ќе зависи од повеќе фактори.

Листа на приоритети – за што и колку ќе се троши и во што ќе се инвестира…

За три месеци – или во првиот квартал од годинава се потрошени скоро 20% од планираниот буџетски дефицит за годинава, кој за годинава е планирано да изнесува 4,9% од БДП. Во однос на лани минусот во државаната каса е значајно помал – преполовен, но дали оваа проекција ќе „издржи“ до крајот на годината? Заемите односно задолжувањата што ги направија економиите во ек на пандемија донесоа „фискално торнадо“ – дупките во буџетите се зголемија, буџетските приходи се „стопија“. Зголемените трошења за поддшка на економијата очекувано го зголемија и јавниот долг, велат економистите во земјава.

„Како резултат на Ковид-19 пандемијата, јавниот долг ја надмина границата од 60% од БДП во 2020 година. Овој раст беше невозможно да се избегне земајќи ги предвид потребите за зголемени трошења за справување со кризата и ублажување на негативните социо-економски последици. Сепак, ваквиот раст, и моменталното ниво на јавниот долг, значајно го стеснува фискалниот простор во следните години. Тоа, особено може да се одрази врз развојната компонента, преку ограничување на круцијални јавни инвестиции и испорака на јавни услуги на среден рок“, вели за „Порталб“, економистот Благица Петрески од институтот „Финанце тинк“.

Светска банка во најновиот извештај во кој под “лупа“ ги стави економиите од Западен Балкан констатира дека ризиците од ланската година продoлжуваат и годинава – земјите ќе мора да се задолжуваат за да дадат поддршка на фирмите и на граѓаните.

„Мерките за заштита на животите и работните места имаат големи фискални трошоци и ќе предизвикаат зголемување на јавниот долг. Владите воведоа мерки за поддршка на домаќинствата и деловните субјекти преку даночни олеснувања, одложувања, субвенции за плати, кредитни линии и социјална помош за најранливите. На пример, Црна Гора и Северна Македонија понудија субвенционирани кредитни линии преку нивните развојни банки, а Албанија преку кредитни гаранции. Српската влада го објави најголемиот пакет помош за економијата и граѓаните, со директно влијание врз буџетот од 6,7 проценти од БДП, и гаранции за заем на националната развојна банка, во вредност од 4,4% од БДП“, се наведува во Извештајот и се посочува дека токму ваквата состојба ги зголеми буџетските дупки.

„Фискалните дефицити ќе се зголемат за справување со ударот предизвикан од Ковид-19, зголемувајќи ги потребите за финансирање. Во некои земји, се очекува речиси трикратно зголемување на дефицитите“, велат од Светска Банка.

Го ситниме вториот економски квартал – податоците покажуваат дека државниот долг сега изнесува 5,5 милијарди евра или 48,3% од БДП, буџетските приходи во однос на планираните на крајот од април се реалзирани со скоро 31% , додека капиталните расходи со речиси 19%. Со оглед на тоа што сеуште се справуавме со здравствена криза која има силна негативна рефлексија врз економијата, во пост-ковид периодот потребно е да се направи листа на приоритети на буџетските трошења, но и на инвестициите кои треба да бидат генератор на еконоскиот раст, сметаат експертите.

„Фискалната консолидација во следните години е еден од предизвиците. Но, во пост пандемиско сценарио, кога економијата е сеуште кревка и веројатно ќе има потреба за развојна владина поддршка, брза и пререстриктивна фискална политика не е препорачлива. Оттука, се наметнува потребата за поизразена приоритизација на трошењата преку инвестиции кои ќе го забрзаат економскиот раст и ќе креираат повисока додадена вредност, која ќе овозможи намалување на долгот“, вели Петрески.

На потребата од селекција на проритетите посочува и Светска банка.

„Поради историски највисокото ниво на јавниот долг, обновувањето на фискалната одржливост има висок приоритет штом закрепнувањето ќе почне да дава резултати. Приоритет треба да им се даде на инвестициите во образованието, дигитализацијата како и други инфраструктурни проекти, вклучително и еколошко-одржливите иницијативи бидејќи со нив може да се забрза потребниот премин кон пониска зависност од јаглен и други фосилни горива штом земјите ќе почнат да излегува од пандемијата“, изјави Масимилијано Паолучи, директор на канцеларијата на Светска банка во Македонија.

Инаку, Јавниот долг ја надмина психолошката граница од 60 %, искачувајќи се на 61% од БДП во третиот квартал од 2020 година.

Анализа на Порталб

Би можело да ве интересира

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

Државата да ја регулира заштитата на националната критична инфраструктура и да ја унапреди заштитата на јавните места пред да доживееме трагичен напад

A1on

Анализа на Собрание: Половина пратеници говорат без аргументи, нема почит кон личноста на колеги од друга партија

A1on

Репортажа – Грција: Цени и услуги, дождот го „потопи“ почетокот на летната сезона!

Ана Ололовска

Шесте најзадолжени општини имаат долг од 36 милиони евра, високо котира и Град Скопје

Ана Ололовска

Анализа: Јавните претпријатија меѓу најголемите „работодавачи“

Ана Ололовска