Американската HTEC Group го претстави планот за инвестиција во ИТ-секторот

Од:

Премиерот Зоран Заев денеска прими претставници на американската компанија за софтверско инженерство HTEC Group, а главниот оперативен директор на групацијата, Дејвид Шох, му претстави амбициозен план за инвестиции на компанијата во регионот, кој вклучува формирање центар за развој во Северна Македонија.

Како што соопшти владината прес-служба, компанијата обезбедува повеќе услуги во софтверското инженерство, услуги за развој на производи во широк спектар на индустрии, како што се малопродажбата, логистиката, медицинската технологија, информатички услуги во финансискиот сектор и други.

– Ние веруваме дека со обезбедување уникатни можности за развој на кариера, конкурентни пакети за компензација и шанса да работиме со водечките глобални корпорации за врвни технологии, можеме да отвориме нови можноста за врвните млади таленти на Северна Македонија и да им помогнеме на напорите на земјата во борбата против економска миграција на работна сила, рече Шох на средбата.

Премиерот Заев ја поздрави инвестицијата и на HTEC Group и го претстави пакетот на Владата за поддршка на странските инвеститори, дополнително истакнувајќи ја заложбата на Владата за зајакнување на ИТ-секторот во Северна Македонија.

– Покрај постоечката поддршка, Владата ќе ја реализира мерката за постепено намалување на персоналниот данок во ИТ-индустријата и од сегашните 10 отсто да дојде до целосно укинување, односно до 0 отсто во 2023 година, рече премиерот Заев на средбата. Истакна дека се регистрирани позитивни трендови во економијата и дека полнењето на државната каса оди според планираното, а приходите се на повисоко ниво од преткризниот период од минатата година.

Во соопштението на Владата е наведено дека HTEC Group вработува над 800 инженери и, покрај канцелариите во САД, Велика Британија, Холандија, Шведска и Словенија, има развојни центри на четири локации во Србија и една во Босна и Херцеговина.

Би можело да ве интересира

Митева: Владата достави предлог за разрешување на Јавниот обвинител

Горан Наумовски

Владата денеска решава дали ќе ги прифати предлозите на трговците или ќе донесе и свои мерки

Владата и Стопанската комора го поддржуваат денешниот бојкот на големите маркети

Горан Наумовски

Левица: Владата кажа дека нема да го помага ЕСМ – цехот ќе го плаќаат граѓаните со поскапо парно

Македонија ќе добие нови амбасадори во Украина, Јапонија и Хрватска

Се зголемија цените во ресторанот во републичкото Собрание и во Владата, но и во Клубот на пратеници

Горан Наумовски