Албанија, Хрватска, Црна Гора и БиХ потпишаа меморандум за финализирање на Трансјадранскиот гасовод

Од:

Министрите за енергетика на Албанија, Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина во Загреб потпишаа меморандум, во кој изразуваат целосна согласност за финализирање на изградбата на Трансјадранскиот гасовод (ТАП).

Меморандумот предвидува четирите земји во следните шест месеци да ги засилат напорите за поврзување на хрватскиот енергетски систем за пренос на природен гас со ТАП преку Црна Гора и Албанија.

Земјите партнери, исто така, планираат да преземат и заеднички иницијативи за да се обезбеди поддршката и од Европската унија.

Следната средба на министрите за енергетика на четирите земји ќе се оддржи во Тирана во првите три месеци од 2014 година. На неа е предвидено да бидат поканат и „стратешки партнери“ од овие земји.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Експлозија во регионот Курск, оштетен e гасоводот кон Европа

(ВИДЕО) Русите ги изненадија Украинците користејќи гасовод за да ги „протнат“ војниците

Осуммина Македонци на листата 100 најбогати во регионот за 2024

„Гаспром“ е безбеден уште 110 години

Русија годинава извезла повеќе гас во Европа отколку во 2023 година

Словачка протера двајца осомничени за планирање напади на енергетски објекти