АД ЕСМ: Набавуваме електрична енергија поради нискиот хидропотенцијал

Од:

АД ЕСМ согласно објавен јавен оглас ќе изврши набавка на електрична енергија за периодот од 1 до 15 ноември со цел обезбедување на вкупните потреби од електрична енергија за Универзалниот снабдувач ЕВН Хоум, обезбедување на загубите во електродистрибуција и системските услуги за АД МЕПСО, како и оптимизација на производството и акумулациите, информираат од компанијата. Вкупната набавка на електрична енергија, како што нагласуваат, е 44,1 гигават час, односно 28,8 гигават часови базна енергија, 15,3 гигават часови пикова електрична енергија, во период на најголема дневна потрошувачка на електрична енергија.

-Вкупните дневни количини кои треба да ги обезбеди АД ЕСМ изнесуваат 12.050 мегават часови. Потребите од набавка на електрична енергија се адаптирани врз основа на временската прогноза за наредниот период и естимираната потрошувачка во ноември. Набавката на електрична енергија е потребна за зачувување на хидропотенцијалите кои се на ниво на 19 проценти од вкупната акумулирана енергија, што е далеку под просекот за овој период од годината, велат од АД ЕСМ.

Нагласуваат дека внимателно ја следат состојбата и дека ќе ги прилагодуваат потребите од набавка врз основа на сопствениот расположлив производствен капацитет.

-Со оглед на слабиот хидропотенцијал, компанијата ќе продолжи со производство на електрична енергија искористувајќи ги пред сè, своите расположливи капацитети ТЕ Битола 2, ТЕ Битола 3 и ТЕ Осломеј, како основа за производство на базна енергија. Согласно воспоставената динамика и потребите на системот, компанијата ќе продолжи да купува електрична енергија на секои две недели до крајот на годината во согласност со потребите на универзалниот снабдувач и зголемениот конзум во претстојниот период, потенцираат од АД ЕСМ.

Најавуваат дека се планира во втората половина од ноември да се вклучи и ТЕ Осломеј за чии потреби во тек е отворен јавен повик за набавка на 400.000 тони висококвалитетен јаглен за период од шест месеци.

-Станува збор за количини кои АД ЕСМ нема да има обврска да ги набави. Набавката ќе се врши само ако се добијат поволни цени и доколку јагленот е во согласност со параметрите за калоричност, соодветни за термоелектраната Осломеј. Повикот е транспарентно објавен на веб страницата на АД ЕСМ и во два дневни весници, прецизираат од АД ЕСМ.

Би можело да ве интересира

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Шпанија и Португалија останаа без електрична енергија

Македонија има стабилен електро преносен систем, тврди Љатифи

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови