Ацо Ристов ја презеде претседателската фунција во Регулаторна комисија

Од:

Новоименуваниот претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) Ацо Ристов ја презеде функцијата од Лирим Сулејмани, заменик претседател на РКЕ.

На средбата за примопредавање на функцијата членовите на комисијата го информираа новоименуваниот претседател Ристов за тековните активности во секторите за кои што е надлежна РКЕ, а кои се поврзани со енергетските реформи, како и за состојбата со водните услуги и статусот на процесите поврзани со новиот сектор – комунален отпад. Во фокус на состанокот беше начинот како РКЕ делува во време на ценовна нафтена криза и мерките кои се преземени со цел амортизирање на ценовниот удар на нафтените деривати.

Презентирана беше и временската рамка и процесот на усогласување на подзаконските акти и методологии со европското законодавство, што е обврска од новиот Закон за енергетика*, а во исто време се споделија и активностите и преземените обврските кон меѓународните институции како што е Енергетската заедница, Асоцијацијата на регулатори за вода од Европската Унија – WAREG и Регионалната асоцијација на регулатори за енергетика ERRA.

Би можело да ве интересира

Регулаторна ги објави новите цени на горивата

Ацо Ристов предлог за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика

Сајбер-заштитата станува приоритет во енергетиката, РКЕ најавува дигитализација и паметни броила

ВИДЕО: Левица бара укинување на Регулаторната комисија за енергетика

Поскапува струјата, Регулаторна ги соопшти новите цени

Катерина Ѓуровски

РКЕ не очекува било какви поместувања на цената во делот на преносот и дистрибуцијата на електричната енергија