800 гости на корпорацискиот прием на Феро Инвест и Брако

Од:

Со 800 гости и прием на кој присуствуваа видни личности од сите сфери на општеството, групацијата Феро Инвест и фабриката Брако го одбележаа своето 20 годишно постоење и успешно работење на македонскиот и на меѓународните пазари.

На корпорацискиот прием организиран во скопскиот хотел Александар Палас беа присутни првите луѓе на најголемите македонски компании, министри, високи претставници на политички партии, поранешни функционери, поглаварот на Македонската православна црква, амбасадори, членови на дипломатските мисии во земјата, странски партнери од 20 држави, новинари, професори и соработници.

На приемот беше емитуван документарен филм за 20-те години работа на компанијата, од нејзиното основање до денес, како и компаниската визија за иднина. Свое обраќање имаше претседателот на Стопанската комора, Бранко Азевски, кој порача дека фирмите кои се моторот на економијата се тие кои ја влечат државата напред и дека општеството треба да гради такви двигатели на развојот.

На настанот се обрати сопственикот и извршен директор Кочо Анѓушев кој зборуваше за идните планови за развој, пред се во енергетиката и за новите модели во светот кои и Македонија треба да ги услови. На настанот се обрати и Благој Шалев, еден од партнерите во БРАКО, како и Ангел Анѓушев, директор на Грин Машинс.

Би можело да ве интересира

ФЕРОИНВЕСТ на ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2024: Развиваме енергетски решенија за по 5 години

Горан Наумовски

Инженерите на ФЕРОИНВЕСТ и БРАКО со стручни трудови на јубилејот на Институтот по Мехатроника на Машинскиот факултет

Возилата грин машинс на БРАКО на саем во САД

(ВИДЕО) Феро Инвест изгради фотонапонска електрана на покривот на „Веро Центар“

Горан Наумовски

Фероинвест прдолжува со изградба на фотонапонски електрани за клиенти, пуштена нова во Ресен

ФЕРО ИНВЕСТ почна со изведба на батериски системи за домаќинства, до 98 отсто помали сметки за струја