14 денари откупна цена на пченицата

Од:

Договорена минималната откупна цена на пченицата. На средбата во Агрокомбинатот Пелагонија на која присуствуваа пртставници на земјоделците, мелничко пекарската индустрија и министерот за земјоделство Љупчо Димовски, е постигнат договор за минималната откупна цена од 14 денари за килограм , а според кавалитетот на пченицата цената може да биде и повисока.

„Ние сме задоволни од постигнатата минимална откупна цена на пченицата и се надеваме дека откупувачите ќе го почитуваат договореното, односно ќе откупуваат согласно законот, со однапред истакната цена“, изјави Ефтим Шаклев од Асоцијацијата на земјоделците.

За оваа година поради сушата, се очекува значително помал род на пченица. Дел од земјоделците велат дека нема да ја даваат пченицата под15 денари за килограм.

„Со нафта од 70 денари за литар, поскапени ѓубрива, заштитни средства едвај успеавме да произведеме. Поради овие причини многу земјоделци ги оставија нивите непосеани, затоа годинава родот ќе биде многу по мал и редно е мелничарите да ја платат домашната пченица “, вели Драган Мицковски од село Загорани , Прилеп, претседател на земјоделското здружение АГРАР.

Една од мерките што ги презеде министерството за заштита на домашната пченица е условен увоз, на три килограми домашна пченица, еден килограм увезена.

 

 

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници