„Зимски пејзаж“ – музика и слики на Ана Пандевска на отворено

Од:

Во Паркот на Франкофонијата, овој четврток (20 декември) во 19 часот, ќе се одржи мултимедијален авторски настан на композиторката Ана Пандевска, под наслов „Зимски пејзаж“.

На програмата ќе се најдат три композиции од опусот електроакустична музика на Пандевска, а во изведба на пијанистката Дуња Иванова. Во зимски амбиент и покрај ниските температури, концертот ќе биде изведен на акустично пијано поставено на отворен простор како можност за испраќање на порака за слободата и достапноста на музичката уметност.

Ана Пандевска во рамките на овој проект, за прв пат се претставува и со самостојна изложба во Монтажната галерија.

Нејзините слики ќе бидат изложени во вид на висечки инсталации, а истите се изработени на платно и гипс картон во
различни ликовни техники.

Проектот „Зимски пејзаж“ е поддржан од Министерството за култура на РМ, Општина Центар и Монтажната галерија во Паркот на Франкофонијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“

Нови датуми за Глумците Пеат