„Здраво млади“ по петти пат во МКЦ

Од:

Четиринаесет бендови и артисти од САД, Канада, Велика Британија, Швајцарија, Хрватска, Србија и од Македонија, ќе бидат дел од јубилејното петто издание на Интернационалниот фестивал за нова музика „Здраво млади“ што ќе биде одржан денеска на платото на Младинскиот културен центар во Скопје.

Предвидена е целодневната програма, распоредена на три сцени, што ќе почне точно напладне, а ќе заврши по полноќ.

На фестивалот ќе настапат METZ, Gonjasufi, Bernays Propaganda, Prinzhorn Dance School, Orchestre Tout Poissant Marcel Duchamp, Artan Lili, Vlasta Popič, TI, Conquering Lion, Lepi Xhoni, RIB, Dj Moodswinger, КИР и Sürtükler.

За најмладите, пак, од 12:00 до 15:00 ќе биде организирана програма во Детскиот Креативен Центар при МКЦ. За посетителите се предвидени неколку штандови за храна и пијалоци, штандови за плочи, како и стандардните „Здраво Млади“ беџови и фестивалски маички.

Би можело да ве интересира

Две нови изведби на перформансот „Мачката Елеонора“ во МКЦ

Предраг Петровиќ

Костадиновска Стојчевска: Да се одложат одредени проекти во МКЦ додека да се реши статусот на хонорарците

Синдикатот на МКЦ бара надлежните институции да најдат решение за хонорарно ангажираните лица

Горан Наумовски

Отворање на изложба „Кобалт Синергија“ во МКЦ

Горан Наумовски

Бени Шаќири нов директор на МКЦ

VILLAGERS OF IOANNINA CITY за прв пат во Скопје