Збогатен библиотечниот фонд на основните училишта во Карпош

Од:

Во рамки на проектот на Министерството за култура, минатата недела во сите десет основни училишта на територија на Општина Карпош беа распределени околу двесте книги со различна содржина.

– Целта на оваа донација е да го зголеми книжевниот опус во училишните библиотеки. Основците од Карпош на овој начин ќе имаат полесен пристап до книжевните класици, односно до „Ѕвездите на светската книжевност“, кои се преведени на македонски јазик. Учениците ќе се запознаат со популарните едиции од областа на светската белетристика, вбројувајќи и голем број есеи, патописи, мемоари, како и класици на филозофијата, епистоларната литература и естетиката, соопшти Општина Карпош.

Општината наведува дека објавувањето на овие преводи на дела од светската литература претставува континуитет во заложбите да се збогати македонскиот книжевен корпус и на тој начин да се прошират сознанијата на младите генерации во духот со најдобрите традиции на светската и европската цивилизација.

Би можело да ве интересира

Интерактивна работилница за гатанаките во Градската библиотека во Скопје

Ана Ололовска

Кампања „Читаме современи македонски автори“

Ана Ололовска

Втор форум на библиотечната унија на земјите од централна и источна Европа и Кина

Ана Ололовска

Втор форум на библиотечна унија на земјите од ЦИЕ и НР Кина

Ана Ололовска

Празнична изложба на книги во Битолската библиотека

Ана Ололовска

Празнична изложба на книги во Битолската библиотека

Ана Ололовска