Завршуваат „Струшките книжевни средби – 2014“

Од:

Со доделување на наградата „Книжевна далга“, во дворот на црквата Св. Ѓорѓија во Струга и поетски митинг денеска завршуваат „Струшките книжевни средби- 2014“.

На митингот ќе биде доделена големата наградата „Книжевна далга“ – икона од Св. Ѓорѓи, изработена од академскиот сликар Никола Угриноски од Вевчани.

Добитник на овогодишната награда „Книжевна далга“ е српскиот автор Миљурко Вукадиновиќ.

– Наградата на Вукадиновиќ му се доделува „за високи дострели во литературата и меѓународната соработка и развојот на пријателството и соработката на авторите од Република Србија и Република Македонија,  стои во образложението на меѓународното жири: Вања Ангелова од Бугарија, Маријана Бор Паздњикова од Русија, Снежана Дабиќ од Србија и Петко Шипинкаровски и Мерсиха Исмајлоска –претседател на жирито.

За творештвото на Вукадиновиќ ќе говори м-р Мерсиха Исмајлоска добитник на наградата „Книжевна далга“ во 2013 година.

Митингот ќе заврши со доделување и на наградата „Книжевни бранови“ за најдобро прочитана песна на поети од Македонија и странство со што ќе бидат прогласени „Струшките книжени средби за завршени.

Инаку, организатори на манифестацијата „Струшки книжевни средби“-2014, се Здружението „Бран“ и списанието „Бранувања“ од Струга.

Би можело да ве интересира

Изгаснат е пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција

ВИДЕО: Гори Безистенот во Струга

Катерина Ѓуровски

Левица: Во јадрото на Старата струшка чаршија се гради незаконски без одобрение за градба

Горан Наумовски

Кривична за стружанец поради предизвикување пожар, запалил трева и ѓубриште, па си заминал

Левица: Министерот Лимани ги остави градинките во Струга без кадар

Горан Наумовски

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“