Заврши креативно-едукативната работилница за деца „Сподели богатство“

Од:

Заврши тридневната детска креативно-едукативна работилница „Сподели богатство“ која ја организираше Музејот Куманово.

Деца од Куманово преку ликовни изразувања и заедничка интеракција со вработените од Кумановскиот музеј градат свесност за музејската култура, историја, етничка припадност и заедништво. Целта на овој проект е кај децата да се развие љубов кон старините, кон заедничкото минато.

– На креативната работилница учествуваа 24 деца од Куманово од различна етничка припадност, на возраст од над пет години. Работилницата траеше три дена со цел доближување на културното наследство до најмладите. Децата учат за музејските предмети и нивната вредност, улогата на музејските работници и значењето на музеите, иизјави Дејан Ѓорѓиевски, директор Музеј Куманово.

Музејот на овој начин ја остварува идејата да биде отворена институција за сите креативци, во овој случај за најмладата популација.

Ликовните творби од овие работилници ќе бидат употребени во изработка на првиот промотивен флаер за Музејот наменет за деца.

Би можело да ве интересира

Влегло во погрешен автобус, завршило во Скопје – пронајдено шестгодишното девојче од Куманово

Катерина Ѓуровски

60-годишен кумановец загина од експлозија на плинска боца

Сашо Стошевски e нов директор на општата болница во Куманово

Горан Наумовски

Таравари го разреши директорот на Кумановската болница

Експертски тим ќе утврдува од што почина 32-годишниот кумановец Ведат Адеми

А1он

Приведен сопственик на ноќен клуб од Куманово, пронајдени се пиротехнички средства

А1он