Заврши десетиот Меѓународен театарски фестивал во Крива Паланка

Од:

На сцената НУ Центар за култура –Крива Паланка, синоќа со претставата „Јас веќе не судам, тие ми пресудија мене“ во изведба на драмската сесија на средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ беше заокружено овогодинешното десето по ред издание на Меѓународниот театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“.

Претставата е работена во режија на професорките по македонски јазик и литература,Зорица Давитковска, Елена Јакимовска и Даниела Стојмировска.

Изминативе неколку вечери кривопаланечката публика имаше можност да ужива во репертоарот и прекрасните изведби на театрските уметници од Хрватска, Србија, Бугарија и Македонија.

Во рамки на придружната програма на фестивалот се оддржаа промоции на книжевните дела: „Крилести одаи“ на младата авторка Јоана Шишкова,збирка од три драмски текстови од Трајче Кацаров, како и театарски критики во стих од Тодор Кузманов.Програмата понуди и две изложби на фотографии и тоа: Фотографии на примабалерината Зоица Пуровска Велевска и ретроспективна изложба на театарска фотографија и плакат од Стојанче Величковски.

Сите театарки вечери имаше преполана сала и долг аплауз со кој публиката ја покажа љубовта, љубопитноста и жедта за нови драмски приказни и квалитетни и естетски издржани претстави.
Несомнено дека градејќи се себеси, фестивалот го позиционираше и градот Крива Паланка како епицентар во кој се премрежуваат културни збиднувања и настани и трајно го определи како простор за вонредна креација и впечатливи актерски остварувања.

Би можело да ве интересира

Љутков: На Велес му го враќаме театарот во неговата вистинска институционална форма

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

Тешко повреден рудар од Крива Паланка

„Ние, луѓето“-премиера