Заврши 30. Меѓународна ликовна колонија „Свети Јоаким Осоговски“

Од:

Триесеттата јубилејна Меѓународна ликовна колонија „Свети Јоаким Осоговски“ синоќа официјално беше затворена со изложбата на дела од годинашните учесници.

Четириесетте дела создадени во изминатите десет дена од страна на годинашните учесници се поставени во изложбениот простор на стариот манастирски конак. На оваа јубилејна колонија учествуваа 11 странски сликари од осум земји, десет македонски уметници и двајца млади надежни сликари од Крива Паланка.

– Триесет години за човековата историја не се ниту една точка, во кратката историја на времето, не се многу, но во генерациското одбележување на човековото опстојување 30 години се една цела генерација. Во овие 30 години идејата што ја даде нашиот Петар Мазев, со неколку „виновници “ присутни овде, ширум ги отвори манастирските порти и започна гоелмата авантура на ликовната колонија, духовната рожба на свети Јоаким Осоговски. Денес кога седнавме со советот констатиравме дека со колонијата, Центарот за култура, музејот и други културни активности, Крива Паланка успеа да го дефинира својот културен и цивилизациски простор, рече Јордан Михајловски, заменик-координатор на Меѓународната ликовна колонија.

Додаде дека со колонијата манастирот се отворил кон духот и традицијата, а низ годините биле повлечени, рече, духовни тангенти кон сите континенти.

– На колонијата досега учествувале над 500 уметници од сите меридијани, кои создадоа двојно толку ликовни дела. Дел од нив се во галеријата на манастирот, дел во центарот за култура, но најмногу ги има во сите простории на манастирот и тој наликува на една сликописна ризница, додаде Михајловски.

Изложените дела се со разни сликарски ракописи, доминираат апстрактното и фигуративно сликарство, многу од сликите носат печат од околината и манастирот, а има и авангардни слики.

– Авантурата на сликарството во овој манастирски простор постигна успех, и во однос на авторите од странство кои продефилираа изминатите децении, но и нашите автори кои оставија големо уметничко богатство кое останува во наследство на идните поколенија, рече Димитар Стојчевски, еден од основачите на колонијата.

Памела Тол, уметник од САД која четврти пат учествува на колонијата, рече дека да се стапне одново и одново на овој свет простор со кој трансцедираш е неповторливо искуство кое постојано ја мами да дојде повторно.

– Овој тип на творење и собири каде повеќе денови се создава ум етност значи многу за културата, размена на културни придобивки и градење мостови на култура заземјите од каде доаѓаме – истакна Ѓунул Нухоглу , Истанбул, Турција, член на одборот на колонијата.

Ликовната колонија „Свети Јоаким Осоговски“ прв пат се одржа во 1987 година, а во 1993 година се трансформираше во меѓународна. До крајот на годината е планирано презентирање на делата од годинашната 30-та ликовна сесија во повеќе градови од Македонија, како и во државите од соседството.

Би можело да ве интересира

Клупска изложба на фотографии „Мајски салон 2024“ во Центарот за култура во Куманово

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“