Заврши 14. Интернационален фолклорен фестивал „Велес“ 2017

Од:

На сцената во амфитеатарот на Младинскиот парк во Велес синоќа свечено беше затворен годинашниот 14. ИФФ „Велес“ 2017.

Како и претходните вечери и на последната фестивалска вечер пред бројната повеќе илјадна публика настапија фолклорни ансамбли од: Хрватска, Бугарија, Романија, Словенија и Фолклорниот ансамбл „Вила Зора“ од Велес.

Како што изјави Томе Јаневски претседател на организацискиот одбор, тие се задоволни од годинашното издание и што годинава фестивалот имал најмногу учесници и најбројна публика.

– ИФФ„Велес“ од годинава во година станува се поинтересен со се поголем број учесници фолклорни друштва од цел свет и со се побројна публика што ни дава елан и натаму да продолжиме со уште поголем успех, истакна тој.

Годинава граѓаните на Велес и гости од други градови во земјава во преполниот амфитеатар на отворена сцена во Младинскиот парк од 4 до 8 јули уживаат во песните, ората, танците и традициите кои им ги презентираа ансамблите од Хрватска, Црна Гора, Србија, Бугарија, Романија, Словенија, Украина, и на македонско фолклорно друштво од Австралија.

Домашните ансамбли беа од Велес, Скопје, Битола, Делчево, Радовиш и Богданци.

Учесниците на фестивалот во изминатите пет дена имаа можност и да се запознаат со бројните културно историски споменици на Велес, а ги посетија и Скопје и Охрид.

Би можело да ве интересира

Велешанец е најден мртов во неговиот двор со траги од крв по главата

Жена со автомобил удри во малолетник и избега

Арамија од куќа во Велес украде пари и мобилен телефон

Се трага по старица од Чашка чија куќата изгоре во пожар пред неколку дена

Негувателката што им даваше електронска цигара на деца доби условна осуда, обвинителството се жали

Катерина Ѓуровски

21-годишен жител од велешкото село Бузалково и се заканувал на комисија за возачки испит