Заврши 13. Меѓународен салон на стрип Велес 2015

Од:

Заврши програмата на 13. Меѓународен салон на стрип Велес 2015, што го организира Стрип Центарот на Македонија од Велес.

Денеска на програмата беа слободни стрип разговори од стрип авторите наменети за посетителите на Меѓународниот Салон на стрип Велес 2015.

– Љубителите на стрипот имаа убава можност да разговараат на тема стрип со познатите и афирмирани во светот стрип автори од Турција: Ергун Гундуз и Сонер Туна, како и стрип авторката од Албанија познатата Герта Опараку и стрип авторите од школата за стрип од Лесковац и Приштина, изјави Ване Трајков претседател на Стрип Центарот на Македонија од Велес.

За време на Салонот на стрип работеше и традиционалната стрип работилница за младите од Велес кои беа воведени во тајните на цртање добар стрип од познатите стрип автори гости на салонот.

– За време на Салонот беше отворена и стрип берзата, а сите присутни имаа можност да ги усовршат своите знаења за стрип културата, да разменат искуства и да се запознаат и да другаруваат преку стрипот, а со што беше реализирана и целта на Стрип салонот, потенцира Трајков.

Инаку, годинава ќе биде запаметена и по рекордниот број на пристигнати стрипови на Меѓународниот Конкурс на стрип што го распишува традиционално организаторот, на кој годинава пристигнаа 228 стрип дела од автори од 42 земји од светот, што го надмина минатогодишнипт рекорд од пристигнати 168 стрип дела.

Би можело да ве интересира

Македонски автор застапен во српска стрип-антологија

Македонскиот стрип претставен во Букурешт

Ана Ололовска

Македонскиот стрип со изложба во Сомбор

Ана Ололовска

Мултимедијалната патувачка стрип изложба „CAN for Balkans“ доаѓа во Велес

Ана Ололовска

Прогласени победниците на меѓународниот натпревар на историски стрипови „CAN for BALKANS“

Излезе од печат стрип албумот „Бестрашниот“ на Дарко Богданов

А1он