Завод и Музеј-Битола промовира Зборник на трудови

Од:

Националната установа Завод и Музеј-Битола го отпечати и промовира најновиот Зборник на трудови, стручно-научно публикација чиј издавач е таа национална установа.

Зборникот содржи 16 научни трудови од различни научни области, и се печати по подолга пауза, односно застој кој конечно е прекинат благодарение на поддршката на Министерството за култура кое го финансираше издавањето на најновиот број на Зборникот, информираа од НУ Завод и Музеј-Битола.

-Министерството ја препозна важноста на Зборникот и го сврсти во програмата за поддршка на проекти од национален интерес во културата. Во списанието објавени се 16 трудови на автори од различни генерации посветени на истражувања и пишувања на теми од областа на конзервација и реставрација, археологија, историја на уметност, современа уметност и класична филологија, посочи Енгин Насух, прв човек на редакцискиот одбор, избран за подготовка и печатење на зборникот.

Првиот број на Зборникот на научни трудови чиј издавач е НУ Завод и Музеј-Битола е отпечатен во 1989 година на иницијатива на Димитар Димитровски, тогаше директор на таа установа.

Би можело да ве интересира

Турскиот музеј прогласен за најдобар во светот

Врв на стрела од бронзеното време направен од материјал кој не е од оваа планета

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Тенкови и хеликоптери „војуваат“ во Црвеното Море, фронтот на дното е покриен со корали

Со изложба одбележан Денот на музеите во Штип

Ана Ололовска

Бесплатен влез во МСУ – Скопје по повод Светскиот ден на културното наследство

Ана Ололовска

Бесплатен влез во музеите и археолошките локалитети

Ана Ололовска