Започнува првото издание на Скопскиот поетски фестивал

Од:

Првото издание на новооснованиот интернационален Скопски поетски фестивал започнува денеска и ќе трае до 3 септември. На отворањето на фестивалот вечерва во Младинскиот културен центар ќе се чита поезија, музички поддржана со настап на дел од членовите на ВИС „Тркалезна маса“, а ќе биде отворена и ликовна изложба.

Изложбата опфаќа 16 ликовни уметници и графички дизајнери кои ќе се претстават со свои дела што се директно инспирирани или комуницираат со конкретна песна на секој од поетите што ќе настапат на фестивалот.

На вториот ден од фестивалот ќе бидат претставени поети од странство и македонската поетеса Лидија Димковска. Предвидено е и емитување на неколку куси поетски филмови.

За последниот ден е планирана работилница за креативно пишување, што ќе се одржи онлајн преку платформата „Зум“, во соработка со Филолошкиот Факултет „Блаже Конески“ – Скопје и Институтот за македонска литература. Работилницата ќе ја води Ким Симонсен од Универзитетот во Амстердам.

Учесници поети се Павлина Атанасова, Биљана Стојановска, Лира Бојку , Ким Симонсен, Снежана Стојчевска, Диме Данов, Јулијана Величковска, Вонбјошт Ванг, Ива Дамјановски, Владимир Мартиновски, Лидија Димковска, Ана Голејшка Џикова, Ѓоко Здравески, Танос Гогос, Марија Дејановиќ и Сергеј Тимофеев.

Учесници ликовни уметници и графички дизајнери се Зоран Кардула, Ване Костуранов, Никола Пијанманов, Андреј Павлов, Воскресија Андреевска, Тони Попов, Марио Каев, Калин Маловски, Диме Данов, Александар Иванов, Наталија Лукомска, Филип Мартиновски, Ива Јованова, Владимир Лукаш, Емилија Мишева и Владимир Илиевски.

Фестивалот е поддржан од Град Скопје, од Младинскиот културен центар ‒ Скопје и од винаријата „Стоби“.

Би можело да ве интересира

Младата поетеса Ивана Јовановска ќе учествува на Саемот на книга во Лајпциг

Предраг Петровиќ

Трет Скопски поетски фестивал

Предраг Петровиќ

Промовирана стихозбирката „Ризница” од Мира Георгиевска

Реномираното меѓународно списание „Версвил“ објави тематски број „Поезија од Македонија“

Даниела Андоновска-Трајковска е добитник на романската награда за поезија „Михаи Еминеску“

Предраг Петровиќ

Промоција на стихозбирката „Куќа во куќа“ од Гордана Михаилова-Бошнакоска

Ана Ололовска