Започнува проектот „Зборувам на јазикот на мојот другар“, над 1100 ученици ќе имаат курсеви на немајчин јазик

Од:

Од утре во 11 средни училишта започнува со реализација проектот „Зборувам на јазикот на мојот другар“ како една од главните активности на Стратегијата на Град Скопје за меѓуетничка интеграција и граѓанска вклученост. Во рамките на овој проект ќе бидат реализирани бесплатни тримесечни курсеви за изучување на македонскиот, албанскиот и турскиот јазик наменет за учениците и наставниците чиј мајчин јазик е различен од оној на избраниот курс.

Со посетување на курсевите учениците ќе имаат можност да стекнат основни познавања на јазикот на кој зборуваат нивните соученици, што ќе придонесе за нивна јазична социјализација.

За оваа активност пројавиле интерес вкупно 1173 ученици и 69 наставници. Од нив 769 ученици (поделени во 20 групи) ќе следат курс за изучување на македонскиот јазик, 224 ученици и 69 наставници (во 15 групи) ќе посетуваат курс по албански јазик и 180 ученици (во 13 групи)ќе го следат курсот по турски јазик.

Курсевите ќе бидат логистички и финансиски поддржани од страна на Град Скопје, ќе ги држат наставници вработени во средните училишта, а ќе се реализираат во училиштата „Здравко Цветковски“, „ Никола Карев“, „Владо Тасевски“, „Арсени Јовков“, „Д-р.Панче Караѓозов“, „Боро Петрушевски“, „Зеф Љуш Марку“, „Јосип Броз Тито“, „Димитар Влахов“, „Георги Димитров“ и „Браќа Миладиновци“. Во останатите училишта на Град Скопје вакви курсеви предвидено е да бидат организирани во првото полугодие од наредната учебна година.

Стратегијата за меѓуетничка интеграција во образованието и граѓанска вклученост 2019-2014 беше усвоена од страна на Советот на Град Скопје кон крајот на минатата година со цел унапредување на меѓуетничката кохезија кај младите во духот на градењето на едно општество за сите како еден од стратешките приоритети на нашата држава, соопштуват од Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Славески: Арсовска е на потег, приватните превозници бараат зголемување на цена на услуги преку член во Советот на Град Скопје

Предраг Петровиќ

ЈСП доби шест еколошки автобуси, донација од Европската унија

Катерина Ѓуровски

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

Протест поради проблемите со автобускиот превоз во Скопје

(ВИДЕО) Јовановска: На народот му врие, преку глава му е од овие политички препукувања

Советот на Град Скопје побара да продолжат разговорите со Владата за нормализирање на состојбите во градот

Горан Наумовски