Започнува петото издание на танцовиот фестивал Денс ОФФ

Од:

Овој викенд пред А1 Арена – Спортскиот центар „Борис Трајковски“ од 10 октомври до 11 октомври, ќе се одржи петото издание на меѓународниот танцов натпревар Денс ОФФ.

Во рамките на танцовиот викенд ќе се одржи и куп во модерен и латино танц, а дел од учесниците на купот ќе ја претставуваат земјава на Европското првенство во модерен, џез и класичен балет, што ќе се одржи во декември во Варшава.

Поради ситуацијата со коронавирусот и ризикот од ширење на вирусот, оваа година нема да учествуваат натпреварувачите од други земји, додека фестивалот ќе се одржи со ограничен број на преформанси и танчери од нашата земја, под строги утврдени протоколи.

– Денс ОФФ е празник на танцот и поддршка на танцовата уметност во овие тешки времиња. Идејата е да ги мотивираме младите да продолжат да се занимаваат со танц и покрај многубројните ограничувања и искрено се надеваме дека ќе им значи да се појават на танцовата сцена по долгата пауза, велат организаторите на натпреварот.

Овогодинешното издание на Денс ОФФ е само најава за тоа што треба да се случи наредната година во Скопје, односно Европското првенство во модерен , џез и класичен балет што ќе се одржи во јуни во Македонска Опера и Балет во организација на танцовите клубови „Break А Leg“ и „Eat The Beat“ од Скопје.

Би можело да ве интересира

Скопје ќе пречека стотици танчери в сабота на голем меѓународен танцов напревар

„Импулс“ – претстава на студентите од прва и втора година на Катедрата за современ танц при УГД

Ана Ололовска

Започнуваат со работа програмите од втор циклус студии на Катедрата за современ танц при УГД

Ана Ололовска

Премиерна изведба на „Парадоксот на Диоген“ во МКЦ

Ана Ололовска

Почнува седмото издание на „Битрикс танцова лига“

Скопје танцовиот театар ја отвора сезоната со танцов перформанс и филм

Ана Ололовска