Започна фестивалот „Оро без граници 2013“

Од:

Со традиционалната литургија во црквата Св. Климент Охридски, предвидена за сите учесници од Србија, Украина, Русија, Словенија и од Босна и Херцеговина и за уште 10 домашни ансамбли, денеска официјално почна Манифестацијата „Оро без граници 2013“, што веќе 22 години ја организацира Детскиот културен центар-Карпош.

Фестивалот за отворен го прогласи, покровителот на Манифестацијата, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

-И ова 22-ро издание на Оро без граници е доказ дека фоклорот може да собере на едно место значаен број на деца од држави во Европа, како што се Украина, Србија, Русија, Словенија, Босна и Херцеговина и од Македонија. Пријатно е да се биде меѓу млади луѓе кои во време на модерни технологии, применети во музичката уметност, со ентузијазам ги негуваат традиционалните вредности во музиката.Развивајте го пријателството затоа што само така овој наш најмасовен детски фолклорен фестивал трајно ќе ви остане во пријатно сеќавање. Градот Скопје е почестен со вашето присуство и затоа ви пожелувам успешен настап и пријатен престој во нашиот град, истакна градоначалникот Трајановски.

Веднаш по литургијата и официјалното отворање на Фестивалот „Оро без граници“, низ улиците на Скопје, сите учесници на годинешното издание тргнаа во ФОЛКОРНО ДЕФИЛЕ, а во 19 часот, кај Камениот мост почна Фестивалскиот концерт. Во рамките на овогодинешната манифестација, играорците учесници во овој фестивал потпишаа порака за мир. Во изминатите дваесетина години градот Скопје и Република Македонија биле домаќини на повеќе илјади странски и исто толку домашни деца играорци.

Најмасовниот и најстариот Меѓународен детски фолклорен фестивал „Оро без граници“, што ќе се одржува до 06.10.2013 година (недела).

Би можело да ве интересира

Невремето без струја го остави целиот дебарски регион

Предраг Петровиќ

Го претепа кучето со метална шипка по глава само затоа што извршило нужда пред капијата

Предраг Петровиќ

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

Пијан скопјанец пред сопругата и децата пукал и тешко ранил познаник

Намалена видливост поради магла од 80 до 100 метри на планинските превои Стража, Маврово, Плетвар и Ѓавато

Попов: Со новиот буџет има повеќе пари за повисок младински стандард