Заедничка изложба на Константин Качев и Синиша Кашавелски во Софија

Од:

Во Културниот центар на Софискиот универзитет денеска ќе биде отворена изложба на македонските уметници Константин Качев и Синиша Кашавелски.

На изложбата која е резултат на заедничката соработка помеѓу КИЦ на Република Македонија во Софија и Културниот центар на Софискиот универзитет, Качев ќе се претстави со концептот „Емигрант”, а Кашавелски со „Богатството на Таинствениот”.

Двајцата уметници, носители на бронзени и сребрени медали од Зимскиот салон  во Париз, се претставуваат во Софија само неколку дена по успешното претставување во Гранд пале во Париз.

Изложбата ќе ја отворат директорите на Македонскиот културен центар Васко Шутаров и на Културниот центар на Софискиот универзитет, проф. Александар Ќосев.

Делата на двајцата уметници ќе бидат изложени до 8 јануари 2015 година, а проектот за нивно претставување е поддржан од македонското Министерство за култура.

Константин Качев е роден во 1967 година. Средно уметничко училиште и Факултет за ликовни уметности завршил во 1996 во Скопје. По двомесечен престој во Париз во 2004 година, следуваат самостојни изложби во Париз, Њујорк, Берлин, како и во многу градови во Македонија. Носител е на бројни и значајни награди за ликовна уметност.

Синиша Кашавелски е роден во 1969 година, завршил средно уметничко, а потоа и Факултет за ликовни уметности во 1994 година. Учествувал на бројни самостојни изложби во Македонија и странство. Многу од неговите дела се дел од приватни колекции во многу земји во светот. Уметноста на Кашавелски се формира под влијание на надреализмот, суптилно испреплетено со мотиви од богатата македонска традиција.

Би можело да ве интересира

Клупска изложба на фотографии „Мајски салон 2024“ во Центарот за култура во Куманово

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“