Друштвото на писателите на Македонија денеска го организира второто издание на манифестацијата „Балкански поетски Вавилон“ на која се претставува творештвото на истакнат поет од литературите на Балканот.
Како што најави ДПМ, ќе биде презентиран поетски портрет на словенечкиот писател и научник Милан Јазбец, актуелен амбасадор на Словенија во Македонија. За неговото поетско творештво ќе зборува поетот и литературен критичар Раде Силјан, претседател на Собранието на ДПМ.
На годинашниот „Балкански поетски Вавилон“ ќе учествуваат 20 автори – членови на македонската писателска асоцијација. Ќе бидат презентирани стихови на истакнати поети од Балканот, добитници на наградата „Книжевно жезло“, признание за творечки опус што традиционално го доделува ДПМ, а стиховите ќе бидат читани на јазиците на кои создаваат авторите на Балканот и во Македонија.