Врба“ на Mанчевски почнува да се емитува на HBO Go

Од:

Филмот „Врба“ на режисерот Милчо Манчевски утревечер во 20.30 часот филмот ќе има премиера на најреномираната стриминг платформа за прикажување филмови Ејч-Би-О Гоу (HBO Go) на каналот Синемакс 2 (Cinemax 2). „Врба“ ќе биде емитуван повеќе пати пред публика во 18 земји во текот на 2021 и 2022.

По светската премиера на филмскиот фестивал во Рим, „Врба“ се прикажа на над 20 филмски фестивали на четири континети, освои пет награди, меѓу кои Сребрена Палма на Мостра Де Валенсија во Шпанија и награда за најдобар режисер на фестивалот Рејнденс во Лондон, најголемиот фестивал на независен филм во Велика Британија и еден од најголемите во светот. „Врба“ ги сруши рекордите на гледаност во кино и телевизија во Македонија, беше македонски кандидат за Оскар, влезе во 40 најдобри филмови во Европа според ЕФА и доби ласкави критики секаде каде што играше.

Во главните улоги настапуваат Сара Климоска, Наталија Теодосиева, Камка Тоциновски, Никола Ристески, Ненад Нацев, Петар Мирчевски и Ратка Радмановиќ. „Врба“ е во продукција на Банана филм, Баба филм, Пионер пикчрс во Унгарија, Тиранскиот филмски институт во Албанија, Сага филм и БНП Парибас фортис филм фајнанс во Белгија.

Манчевски се подготвува за снимање на неговиот седми долгометражен филм „Кајмак“, поддржан од Агенцијата за филм, како и од Данскиот филмски институт и Македонската Радио Телевизија. Копродуцент на филмот е Мета Луис Фолдагер Соренсен, продуцентката на филмовите „Меланхолија“ и „Антихрист“ на Ларс фон Трир и данскиот кандидат за Оскар „Кралската афера“.

„Кино Лобер“, еден од најреномираните дистрибутери на уметнички филмови во САД, ги обезбеди правата за дистрибуција на „Врба“ на територијата на САД и планира да започне со дистрибуција годинава. По премиерата во Унгарија, во текот на 2021 – во зависност од развојот на ситуацијата со Ковид-19 –предвидени се кинопремиери на „Врба“ во Србија, Белгија, Хрватска, Бугарија, Словенија, Албанија, Црна Гора и Велика Британија.

Би можело да ве интересира

„Кајмак“ на Манчевски награден на фестивал во Палермо

Уште една награда за Милчо Манчевски, овојпат во Италија

Награда за „Кајмак“ на Манчевски во Калифорнија

„Кајмак“ претставен на Сараевскиот филмски фестивал

Предраг Петровиќ

Лазаревски реагира на објавата на Венецискиот филмски фестивал: Нема прогон на автор, туку расчистување на финансиски злоупотреби

Сара Климоска најдобра актерка на Филмскиот фестивал во Сомбор