Врачување на наградата „Бели мугри“

Од:

Во Домот на културата „Кочо Рацин“ вечер од 19 часот ќе се одржи поетската манифестација „Денови“ во чии рамки на поетесата Надица Лешникоска од Скопје ќе и биде врачена наградата „Бели мугри“.

Домот на културата „Кочо Рацин“ ја доделува по деветти пат оваа награда за млад автор до 35-годишна возраст, Лешникоска ја доби за нејзината најнова збирка поезија „Кирија за срце“.

Надица Лешникоска е магистер во областа на мировната дипломатија. Со поезија се занимава од рана возраст. Во 2005 година ја објавила првата збирка поезија „Копрена” за која ја доби наградата „Даница Ручигај” за најдобра дебитантска поетска книга.

Објавува поезија во македонската и во балканската периодика, а застапена е и во „Мостови” – избор поезија од поетите – дебитанти, кандидати за наградата „Мостови на Струга” за 2006 година.

Би можело да ве интересира

Младата поетеса Ивана Јовановска ќе учествува на Саемот на книга во Лајпциг

Предраг Петровиќ

Трет Скопски поетски фестивал

Предраг Петровиќ

Промовирана стихозбирката „Ризница” од Мира Георгиевска

Реномираното меѓународно списание „Версвил“ објави тематски број „Поезија од Македонија“

Даниела Андоновска-Трајковска е добитник на романската награда за поезија „Михаи Еминеску“

Предраг Петровиќ

Промоција на стихозбирката „Куќа во куќа“ од Гордана Михаилова-Бошнакоска

Ана Ололовска