Востановена награда „Державин“ за поетска книга од член на ДПМ

Од:

Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“ востановува годишна  награда „Державин“ за поетска книга од автор кој е член на Друштвото на писателите на Македонија, по повод претстојниот јубилеј 70 години  од формирањето на македонката писателска асоцијација.

– Паричните средства за наградата, во висина од 500 евра, ќе ги обезбедува универзитетот како трајна донација, а Друштвото на писателите ќе учествува во стручниот дел со тричлена жири-комисија која ќе ја донесува одлуката за ова признание. Наградата „Державин“  првпат ќе биде врачена во втората половина на септември оваа година на Славјанскиот универзитет во Свети Николе, соопшти ДПМ.

Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, кој има пет факултети, почна со работа во 2004 година во Свети Николе, а во 2006-та ја прошири дејноста и во Битола. Тој е корпоративен универзитет со истоимениот државен универзитет во Руската Федерација.

Би можело да ве интересира

Учество на македонски писатели на фестивалот „Словенска слова” во Црна Гора

„Во име на новото“ во ДПМ

Ана Ололовска

ДПМ на вонреден пленум ќе побара одговорност доколку не се отстранат пропустите во Министерството за култура

Ана Ололовска

ДПМ: Македонскиот јазик има дијалекти, но не е никаков и ничиј дијалект

Конкурс за традиционални годишни награди на ДПМ

Ана Ололовска

„Празник на липите“ и врачување на наградите „Книжевен жезол“ на ДПМ

Ана Ололовска