Музејот на македонската борба соопшти дека во чест на Меѓународниот ден на музеите – 18 Мај, се придружува кон дигиталните одбележувања на годинашната тема „Музеите за еднаквост – Различност и инклузија“.
Од Музејот посочуваат дека по повод Меѓународниот ден на музеите на нивната веб локација е поставен Водичот за музејска програма за деца/лица со аутизам и нивните семејства, кој е наменет е за музејските работници на кои врз основа на научни и практични принципи им се овозможува креирање програми и активности за лицата со аутизам и нивните семејства.
Автори на водичот се д-р Јасмина Трошанска, Ана Шикалеска и м-р Данијела Трајкова-Крстиќ. Водичот е изработен на три јазика – македонски, англиски и албански јазик и може да се преземе на https://tinyurl.com/y7svkkqs
Водичот е дел од активностите во проектот „Отворени музеи“, реализиран во рамки на одбележувањето на 2018 Европска година на културното наследство, стои во соопштението.