Во Велес самостојна изложба на Мирјана Крстева Масети

Од:

Во Ликовниот салон во Велес синоќа беше отворена 18. самостојна ликовна изложба на Мирјана Крстева Масети, како дел од активностите на манифестацијата „Велес-Град на културата 2015“.

Уметницата Крстева Масети на својата прва изложба во Велес се престави со 35 слики: акрил и цртеж на платно, насликани во последните две – три години од нејзиното творештво.

За творештвото на Крстева Масети пред присутните говореше и изложбата ја отвори Љубица Кондијанова, директор на Музејот на Град Скопје. Делата, оцени, се творени со љубов и истрајност, со свој ликовен израз и специфичен естетски однос.

– Секоја слика е свет за себе, свет за импресија, но и свет на доживување. Секоја од нив е одмерена, лирски интонирана. Нејзиното сликарство е полно со креативна енергија, совршена ликовна физиономија и индивидуалност, како и нејзината мисловна и ликовна ангажираност која предизвикува возбуда и естетска радост на еден сензитивен творец со нагласена експресија, израз и многу конструктивна топлина, потенцира Кондијанова.

Крстева Масети учествувала и на 60 групни изложби во земјава и странство, а добитник е и на повеќе награди и признанија.

Би можело да ве интересира

Клупска изложба на фотографии „Мајски салон 2024“ во Центарот за култура во Куманово

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“