Во Велес промовирана книга „Модерното семејство и бог“ од протоереј ставрофор Панзов

Од:

Во Ликовниот салон во Велес синоќа беше промовирана книгата „Модерното семејство и бог“ од протоереј ставрофор м-р Горан Панзов од Повардарската епархија со седиште во Велес.

– Делото на Панзов претставува убава можност нашата поширока општествена и научна јавност да се запознае со специфична проблематика од областа на семејниот живот, родителството и религиозното учење, а на кое за жал и покрај неговата актуелност, посебно во сложените општествени прилики на живеење е недоволно проучено, односно не му е посветено потребното научно внимание, рече промоторот на книгата Кети Арсовска Несторовска, проректор за меѓународни односи на Меѓународниот славјански универзитет Г.Р.Державин од Свети Николе и ментор на Панзов магистерските студии.

Крупните општествени промени кои ги зафатија сите сфери во општествениот систем во периодот на транзиција, дополни Арсовска-Несторовска, нужно ја нагласуваат потребата за научно елаборирање на дерегулацијата на животот и социјалните промени во семејството, во смисла на тоа како тие се рефлектираат на персоналното функционирање на луѓето со тенденција на се подоцнежно стапување во брак, како и зголемување на бројот на разводи на брак. Книгата претставува импулс на експлорација на бракот-семејството, како и на родителската конструкција која се менува и трансформира во просторот и времето, појасни Арсовска Несторовска.

Авторот на книгата Панзов истакна дека семејството од секогаш било предмет на интерес на општествените и природни науки. Улогата на семејството, според него, се одредува првенствено во однос на подготовката на децата и адолесцентите за нивните улоги во општеството, надвор од семејството.

– Нема здрава заедница без слободна и здрава индивидуа. Формирањето на религиозната личност почива врз прифаќањето на божјото постоење. Учењето за религијата во себе ги содржи сите полиња на човековата активност, како духовна и материјална индивидуална и општествена, образовна и културна.Т аа ја испитува и превенцијата, ги елиминира сите лоши насоки кај човекот и заедницата. Превенцијата за успешно обликување се состои во семејството. Сликата за семејството е слика за општеството, а религијата го набљудува семејството како мало општество, рече Панзов.

Промоцијата беше збогатена и со презентирање религиозни и други поуки за животот и семејството од актерката Весна Димитрова Бобевски како и настап на членовите Младинското студио „Словото“ под нејзино раководство, кое изведоа поучни драматизации поврзани со темата.

Со прогодна програма настапи и Градскиот црковен хор „Св. Великомаченик Пантелејмон“ под диригентската палка на проф. Славица Ставрева.

Би можело да ве интересира

Нов портпарол на Синодот ќе биде епископот Хераклејски г. Климент

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје

Во петок литија низ Скопје со икона на Богородица трирачица, подарок од Хиландар за МПЦ

Предраг Петровиќ

МПЦ-ОА повика на масновност на изборите