Во Велес промовиран зборникот „Името е нашата татковина“

Од:

Во организација на Епархијата Повардарска и „Македонскиот манифест“,  синоќа во Велес беше промовиран зборникот „Името е нашата татковина“.

Пред присутните се обрати митрополитот Повардарски Агатангел, а за значењето на делото говореа некои од авторите и воедно промотори, Ристо Никовски и Ефтим Клетников.

Авторот Ефтим Клетников говорејќи за зборникот појасни дека самото нејзино име „Името е нашата татковина“ ни говори кое е значењето.

– Зборникот има големо значење,зошто упатува порака за додатно освестување на Македонецот да си го зачува сопствениот идентитет и покрај сите силни притисоци од меѓународната заедница,од ЕУ,САД и Грција, а која што е нивни пулен во тој спор за жал, а човек треба да биде многу неинтелегентен да не го согледа тоа, потенцира Клетников.

Тој појасни дека зборникот кој е двојазичен македонски и англиски,  ја толкува македонската генеза од изворот до денешни дни. Воедно информира дека ќе го дистрибуираат во Амбасадите и некои европски авторитети во Брисел и други земји.

– Целта е да видат дека овој македонски народ  не е неимун за зачувување на својот идентитет и дека има цврста волја и по цена на својот живот да го сочува идентитетот.Сето тоа, затоа што многу генерации гинеле за името и опстојувањето. Ние денеска како генерација немаме право по било каква основа да си играме со името, нагласи Клетников.

Промоцијата беше збогатена со настап на младинскиот црковен хор „Свети Кирил и Методиј“ , а под диригенство на Веселинка Маџарова.

Би можело да ве интересира

Арамија од куќа во Велес украде пари и мобилен телефон

Се трага по старица од Чашка чија куќата изгоре во пожар пред неколку дена

Негувателката што им даваше електронска цигара на деца доби условна осуда, обвинителството се жали

Катерина Ѓуровски

21-годишен жител од велешкото село Бузалково и се заканувал на комисија за возачки испит

Судијка и сопственици на аптеки од Велес обвинети за фалсификување

Катерина Ѓуровски

Сообраќајка во Велес, еден сопатник е полесно повреден